Koj ti e maticen? Kaj odis? Jas cela bremenost idev na 10 dena kaj maticnata. Napraj matematika po 1000
o Со овие цени нема да стапнам кај матичната, ќе си ја водам бременоста на приватно. Не се нормални. Мене претходниот матичен со првата бременост само за брисеви ми наплатуваше 300ден. Сега за втората само еднаш бев таму и 300ден за ехо ми наплати. Сегашнава матична уште не ми побарала пари
И јас сум иста, вода никако не ми се пие. Имам нов метод сега, кај мене делува еве некое време, пробајте. Во водата ставам разни овошја, шо ке ми се најде дома, најчесто замрзнати јагоди, малини, кругови лимон, портокал, и си замислувам дека е некој коктел и си пијам, уште чадорче ми фали, ама ако треба ке набавам. Хахахха
И јас не сум многу по водата, ама ја пијам некако. Највеќе пијам кога јадам, така ми беше и пред бременоста. Нема шанси да јадам и вода да не се напијам. И онака пијам кога не јадам, си имам едно шише на масича ми стои и на минување неколку голтки во текот на денот се напивам.
Јас сум последниве два месеци со блага дехидрација што не знам како да ја средам,се трудам да пиам што повеќе течности ама џабе....чашата до мене на маса само ја менувам водата без да ја испиам
Женски дури да ја добијам матичната, 31ва недела, д димери ми се 3570. Високо е тоа за неделите или? Да не имаше некој објавено вредности, не се сеќавам?
Високо е, мене ми рекоа максимум 2400 - 2600 треба да се. Е сега секоја временост различна, така да не паничи, аспирин или клексан и ќе се реши.
А за коагулационите фактори мислење? Мене вака според референтните вредности ми изгледаат во ред. Исто како доктори сме тука, да си се консултирам и со вас
Некој искуство со јаки грчеви во нозете (конкретно листовите) Ми се случува при спиење од сон да ме разбуди многу јака болка и згрченоста да не ми попушта и од кога ќе станам (со масажа се случува после 6-7 саати во тек на ден да ми попушти).
Здраво женички. Влагам денес во едно маалско продавниче да видам тенки кебенца, перничиња за бебуш, шпикозни по кратки итн. Ај што ми покажа покажа, ама бидејќи немала шпикозна на кратки, почна да врти муабет па бебе не се облака во кратки, па што ќе ти ги, па кога ти е термин, па леле во август што воопште гледаш сега, рано ти е тебе, многу рано.... Сакав да речам да сакав мислење ќе ја прашав свекрва ми. Ама ај си искочив само, нема да влезам втор пат таму.
Македонска работа @le.dentiste магнезиум пиеш?Мене обично во спиење ми се јавуваат и сега и со првото дете имав исто .Баш се јаки.
Неможам да се изначудам колку глупи коментари му се даваат на трудници, значи не размислуват што кажуваат, важно они да си го кажат нивното мислење, а ти после што сакаш мисли си. Мислам, секогаш ми се погодува мене некој чиче или бабичка да ми даде некој тавански коментар, ама верувам дека во бременоста сега ќе бидат дефинитивно врв.
@le.dentiste магнезиум пиеш?Мене обично во спиење ми се јавуваат и сега и со првото дете имав исто .Баш се јаки.[/QUOTE] Пијам магнезиум во прашак од 300 мг. Да и мене во спиење и ме држи и другиот ден до степен да се движам со болка додека не пушти. Се движам цело време не сум залежана,лесни вежби правам, немам ставено на килажа многу а сум веќе 28-ма недела
Пијам магнезиум во прашак од 300 мг. Да и мене во спиење и ме држи и другиот ден до степен да се движам со болка додека не пушти. Се движам цело време не сум залежана,лесни вежби правам, немам ставено на килажа многу а сум веќе 28-ма недела[/QUOTE] Исто и јас 28ма мене од пред некој ден ми почнаа.