Исто и јас 28ма мене од пред некој ден ми почнаа.[/QUOTE] Епа одлично ако најдам решение, ќе споделам
Епа одлично ако најдам решение, ќе споделам [/QUOTE] Магнезиум директ ги пиев и јас во првата бременост, ама од сон ме будеа грчеви. Мм ме зезаше, ми ги виткаше некако, тегнеше нозете ко на фудбалерите. Е сеа од после разбрав дека тие кесички магнезиум биле полни со шеќери. Сега оваа бременост пијам магнезиум од 400 на солгар 2 пати на ден. 22 недела сум денес полна, ама фала богу грчевите ги нема, барем до сега. Пробајте со друг магнезиум или појака доза
Епа одлично ако најдам решение, ќе споделам [/QUOTE] Би требало од магнезиумот да пушти, јас имав така и пиев магнезиум пред спиење, секоја вечер земам и од тогаш фала богу ме нема фаѕено грч, знаело и на двете нозе на листовите доле одеднаш да ме фати грч да не можам ни од кревет да станам, ама еве сега се се среди со магнезиумот ❤❤
Баш македонска работа, да одговориш на тоа шо не си прашан. И мене ноќе ме фаќа грч, преку една ноќ. Пијам преку ден една таблета калциум ао магнезиум 300мг и навечер една кесичка магнезиум директ од 400. Се мислам дали да зголемам.
Ако може некој да ми објасните како оди процедурата за клексаните? Се слушнав со матичниот, ќе треба да примам 10 дена клексани за покачените д-димери. Матичниот треба да ги препише, јас треба да си ги купам, или ќе треба да одам на Гинекологија на државна за да ме боцкаат? Изгубена сум скроз, ништо не ми објасни само ми рече ќе препишеме и толку.
Мешиња, некоја да била во скоро на преглед и ехо кај Димчев систина да ми каже цена ако знае? И мислење за докторот
Дали некој користел хербион сируп за олеснување на кашлица? Кашлам интензивно од петни жили веќе неколку дена и очигледно чаеви/супи/ инхалација со физиолошки не помагаат Матичната ми препорача хербион сируп, ама сега го читам упатството и во него пишува не се препорачува за бремени и доилки.
Треба да ти ги препише или трансфузиолог или гинеколог од клиника за да можеш да рефундираш средатва. Ти дава извештај од специјалист, со тоа купуваш во аптека. Во аптека бараш сметкопотврда и фискална од аптека. Се боцкаш сама или на матичен.
За трудници е Алпенкрафт, и е многу ефикасен. Мене одма ми се смири кашлицата. На природна база и мед.
Дали има некоја проблеми со синуси во бременост? Имено бев болна пред неколку месеци и се уште не можам да се долечам. Користев Синомарин, сега некој друг спреј со алое и морска вода, ама џабе. Секој ден истата песна. Од носот ми се слива надоле. Полна сум секрети. Некое чаре има ли, било какво?
Јас последно бев кај Панчевски на преглед 3300 ми наплати, кај Димчев бев на втор скрининг и искрено да не бев решена за кај Панчевски да ме пораѓа, Димчев сигурно ќе го барав...смирено ми објасни се што требаше и го прашав, прегледот кај него ми беше скоро 40мин. го гледаше бебчо ептен за да биде сигурен дека е се ок Мое искуство со него позитивно, така да
Ај да се пријавам во позитивни и јас...ми се јави матичната и ми кажа...денес веќе ми е 6ти ден...само гласот ми е фатен и чат пат кашлам ама и ми се јави блага паника...само алпенкрафт и фемибион 2 да пијам .па утре кај матичната да ме наслуша...појма немам од кај фатив, на боледување сум, или од домашните некој го има донесено а никој нема симптоми или во четвртокот кога правев крвна слика и преглед кај гинеколог.
Па здравје кога ќе се породиш, ќе излезеш со количка да се прошеташ, па секоја бабичка ќе те сопре да ти го провери детето како си го облекла, да ти каже дека е ладно и дека ние младите мајки ништо не разбираме. Мојот дека роден во мај и летно време во количка бос, само по боди си лежеше (знаете како е Ск во лето), аууу какви коментари имам добивано и од баби и дедовци. Инаку, бидна првиот скрининг Што убави сликички ми направи како си лежи во меше, се заљубив. Се е супер, херојски ги преживеало сите клоци од братчето, 5 дена е поназад според последна менструација ама таман според овулацијата. Значи џабе грижата на совест и стравот, бебе е одлично Е сега тоа што 90% е машко е друг муабет ама докторката ми рече можно е да сврти. Мислам дека само ме тешеше ама мајка, веќе некако се навикнав дека ќе си имам две синчиња. Нека се живи и здрави
Свесна сум мила, очекувам секакви коментари. Другарка ми се породи во Јануари, па кога го шетавме се изнаслушав тоа што и викаа нејзе, па и тоа што ќе ми се роде здравје зимоска, можам да замислам коментарите. Ние младите мајки далеку повеќе се разбираме, сега све ни е на тацна, секој симптом го гуглаш и ти испаѓаат секакви форуми за тоа, едноставно сакаш-нејќеш ќе научиш сѐ. Прв скрининг?, леле убајни мами Ако не ти е проблем да споделиш некое сликце да видиме како си лежи, ако не - поштувам одлука мами! Само да се здрави и живи мила, без разлика тоа што се машки, многу сум среќна за тебе!
Девојки, од ваше искуство, кога ви се вратил нормален мирис и вкус на некои нешта (кафе, месо, риба, цигари...) кои се предизвикани од бременоста? Веќе 5 месец влагам, се ми мириса лошо
Вториот скрининг е уште поубав и подетален Спојлер Инаку, да споделам нешто што ми кажа докторката. Пред 2 години кога била на конгрес се разговарало дека има претпоставка дека доколку бебето во утробата го држи палчето стиснато во рачето тогаш има предиспозиции да развие аутизам. Требало на следниот конгрес да се потврди ова ама фати корона и не знае кога ќе биде следниот. Баш забележа дека моево го држи палчето како like е вака и се насмеа, ми го објасни ова што ви го кажувам. Дека скоро во една тема се разврза долга дискусија за ова, па ми текна.