Аиии а те чекав да пишеш Дејкава моја во стомак што е,за помалечкото твое ,бива? Ако не сменат пол ,пошто ни мојава не беше 100% сигурна Кога ти е термин?
Ооо сваќе, договорено Се пропушта ли таква манекенка за снаа Ако сакаш поголемиов одма да ти го пуштам за Софи Да одморам малку Термин 13.10. ама решив да го рачунам тој по мерките 17.10. Ајде одам да се пријавам во термини
Поголемиот ако ти е самостален, пуштај го Таман да ја чува малку Софи, дека јас баба му уште лежам Ајде пријави се, 17 дена сме разлика за раѓање
И мене ми кажуваше докторката на скринингот за рачето ако го држи собранп вп бокс. Моето ги држеше прстите отворени и во еден момент го слика кога ни даде лајк
Или ние сме од истото маало, или вакви продавачки ги имало насекаде И мене ми се деси ова пред месец дена во една маалска продавничка, немаа со кратки, па што ќе ти се кратки, ауу термин дури јули, па нема да ти дадат бебето на кратки да го изнесеш од болница иако ќе е жешко, такви биле процедурите - ко божем јас за изнесување од болница и реков дека барам, не знам од кај го извади ова. Нејзините исто биле во јули родени и само по боди седеле дома. И сега ај да не му купувам алишта ако не зашто нејзините седеле голи На крај уште и ми рече дека женско носам, знаела она од изглед зашто три женски родила. Си излегов без ништо да купам и не се враќам веќе Иначе врска нема, машко носам.
Јас мислам од ко слушнавме срце матичната ми кажува дека ако држи тупаница ќе е со даунов/аутизам и сл. На секој преглед ми го кажува истото па за среќа мојов само ги отвора и ќе ми речи еве твоево е одлично здраво право бебе
Мојава матична има ново ехо па ми ги префрла на мобилен видеата и сликите, баш сега ги гледав и забележав ги трие очињата и ги пикна во уста
Оф леле, не дај боже да го стегне рачето од памет ќе те извади. А кога се новороденчиња баш често ги стискаат рачињата и ќе се погоди да го стисне палчето. Затоа оваа мојава 3 пати ми нагласи 'претпоставка'.
Не е страшно и да го стисне битно треба и да го отвори и за го затвори уште немаше рачиња кога почна да ми кажува за тоа хахах
Оваа слика ни е урамена иако имаме и поубави 12 недела на прв скриниг дете истражувач си го допира носот
И моето е со стегнати рачиња во 12 недела. Ама и од синчето имам исти слики. Во 17 недела чао правеше, му се смееше докторот на малиот те поздравува сестра ти. Мислам сепак не е потврдена теорија ова, не треба да паничиме.
И кај мене е така и баш Котларова рече на скринингот во 12 та недела дека така ги држеле тогаш рачињата во боксерски став
Мое мислење е дека само 'претпоставки' не треба да се кажуваат, посебно од професионални лица како докторите. И така трудници се извадени од памет, за се што следи,за себе ,за бебето и уште некој да кажува дека ако детето стегнало тупаница недајбоже ќе било со аутизам или слично. Брат ми се роди со двете раце во тупаници и така беше до 5 6 месец не знаевме прсти дали има. Здрав прав 20 годишен дечко е сега.
Женски здраво , некоја да сподели искуство со гнездо за бебе ? Вреди - не вреди .... сакам да земам , но немам некој близок што користел