Мене ме буни тоа што не ми ни рече мирување, као терај све нормално и плус за 8 недели проверка. Се препорачува баш лежење? Зашто јас одам на работа и седечка ми е, му го кажав и тоа ама рече не се замарај. А за проверка ќе отидам кај матичниот порано сигурно на контрола.
Денес бев на морфологија, се е нормално со бебето. И баш си го цицаше прстот и го прашав докторот дали е нормално, кажа скроз нормално. Јас не знам од каде им е тоа дека тоа е знак за аутизам, ама се сеќавам дека и син ми го цицаше. Ја видовме дундата, така да, момата е потврдена . Следна контрола за 1 месец и тогаш ќе ми проверат крв, шеќер итн. Да си пијам магнезиум, железото, витамин Д, тоа што треба. Пренетрални не, оти сум здрава и пак повтори нема потреба. Инаку терапија за железото добив за вредности на граница, веднаш. Значи и при најмал пад они даваат терапија, во спротивно не. И така, се е нормално, се е ви ред, цервиксот е 40, постелката е назад и тоа било потребно заради царскиот. Искулирано, опуштено. И дете беше на преглед. Ги пуштија со маж. Дете се интересираше за ехото, за мерките
И мене истово ме интересира, јас сум ставена на строго мирување заради цервикс што покажа тренд на кратење а не е ни нешто многу краток и пробав да истражам на нет дали има фајде од лежење и дали со движење се крати и баш напротив наидов на студија дека помал е ризикот за предвремено породување кај оние што вежбале. А тука сите доктори скоро препорачуваат строго лежење. И без везе се осеќам и имам грижа на савест ако станам нешто да раскренам по дома или си направам јадење, се плашам дека ќе си направам беља.
Јас во 12та недела бев на скриниг кај Лазаревски , он ми го правеше ивф , и го прашав дали може да вежбам , добар ми е цервиксот , и он ми го кажа истово што си го прочитала , дека во последни студии се покажало со скратен цервикс подобро било вежбање отколку строго мирување, само незнам кај нас колку е во пракса тоа ... ама тоа беше онака рандум муабет , мене ми потврди дека може да вежбам и не продолживме на таа тема
Јас не знам дали кај мене се крати прва контрола ми е.. постелката и на претходна контрола ми беше пониско ама не ми мереа цервикс тогаш, ќе морам да одам порано на контрола пак да проверат. Тебе колку ти е? Инаку јас се изненадив што докторов баш ми рече нема потреба од мирување, а јас сум 10 часа и повеќе во седечка положба плус се движам многу. Вежбав исто, ана сега не сум паметна што да правам. Ќе прашам и второ, трето мислење ама и лично искуство многу ми значи.
Дабростан е подршка за бременост. Не сум сигурна дали делува за крварњето не сум стручна да кажам. Јас крварев кратко, примав инекција Прогестероген депо, на 7 дена по 1 и така се сопре крварењето.
Не се препорачува седењето, некои викаа максимум под 45 степени да се седи. Прашај си пак и на друго место. Што си е сигурно, сигурно си е. Јас со првото бев со скратен цервикс, т.е. ми се кратеше од одење, пешачење, седење на работа.
@JuLleE ако не е тајна во која недела ти потврдија пол? Јас сум 16+ и ми кажаа дека после 20недела се гледало. Тука во странство ми го кажаа тоа е сега јас ке си одам во мк па сакам да знам дали во 17+недела би ми кажеле пол доколку одам.
Да после 15 недела веќе убаво се гледа. Освен ако не е лошо застанато бебето па да не може да види. Мене од 11 недела ми кажа матичниот.
Во 13 недела мислеше дека е машко, ама во 20 недела веќе се гледаше убаво дека е женско Денес само потврди. Пол после 16 недела се гледа убаво. Ако е наместено секако. И јас не сум во Мк.
Колку што мене ми објаснија бидејќи и мојата работа е со седење по 8ч. дека од самата тежина што притиска од матка од бебче може дополнително да го скрати цервиксот....јас пред да останам бремена вежбав редовно секој ден...после ова строго ми забранија дури и движење ограничено по само 20мин надвор...претходно знаев многу и да пешачам ама после секое пешачење имав болки поради кои и бев на преглед. Знам и дека мирувањето не е докажано дека помага за да се одржи должината на цервиксот и дека поголема улога има терапијата ама кога ќе ти кажат нешто не ти се ризикува да правиш поинаку...Имав и другарка која со серклаж од 20 недела од кревет не стануваше а овде прочитав негде дека баш тие што имаат серклаж направено може да се движат послободно...Не знам, моја препорака појди си на преглед кај друг доктор нека ти го измери пак и нека ти каже што како.
Од 32 до 37 на 3 различни мерења ми го измерија. Во 18та кога прв пат ми мереа ми беше 50, па после лечев интраутерина инфекција и од тогаш ми препорачаа одмарање. Мислам ја сама си осеќам дека не треба да претерувам со движење, пола саат на нозе и после 3 дена сум со болки како некој да ми ги помодрел јајниците и матката. И да се свртам или подстанам од кревет ме боли. Ама ја сум со ендометриоза и можеби и поради тоа, не знам никој не знае да ми даде дефинитивен одговор само ми викаат лежи. Лежам пијам 3×500 магнезиум, утрогестан навечер и се молам бебуши да седат таму внатре додека да пораснат убаво. 26+ сум.
Слободно може да се јаде, не се препорачува мајонез од сомнително потекло, поточно од сендвичари каде стои на шанк, на сонце, поради опасност од салмонела, инаку вака нема причина да не јадеш Наздравје, и мене ми се пријаде сега.
Леле да, никако јадење сега на топлото од сендвичари и слично. Татко ми лежеше 2 недели во болница од салмонела од сендвичара.
Зависи, јас имав само еднаш крварење, како кафено темно во 5та недела и некој ден. Почнав со утрогестан и строго мирување, сега знам да излезам до маркет, да прошетам, кафе, парк, се умерено и без заморување. Тешко кревање никако. Доколку нема причина, хематом, полип или слично би требало да прекине за брзо време, меѓутоа сите сме различни и не мора да значи. Некои крварат цела бременост и на крај се е во ред. Така да не се оптеретувај, примај терапија и слушај ги советите на докторите.
Не можат точно да измерат баш бидејќи сепак се мм во прашање мада последно и матичната и на ГАК кога бев за продолжување на боледување ми измерија 23мм, јас сум 31 недела веќе...истото ми се случува и на мене, штом малку повеќе се размрдам, дали за на лекар, дали по дома одма сум со болки....и мене не можеа да ми кажат од што се тие болки, веројатно од притисок на цервикс ама сигурно ништо...Пијам магнезиум два пати, утрогестан насабајле пијам, навечер ставам, само за утрогестанот имам приметено а не ставам ден два вагинално навечер, дали ради прегледи на лекар, дали ради проверка на мокрача имам повеќе болки...а за бебчо си се молам секој ден да истуркаме што повеќе
И мене не ми рекоа да мирувам исто така во плодност ,во 26 недела ми беше 2,79 ,да не се заморувам а баш се исплашив и прашав повеќе пати и др таше и др христијан рекоа нема потреба од само лежење .Ама не можев само на тоа мислев и по една недела пак појдов и пак истото ми рекоа ,нема потреба од паника .Само не се заморувај и не седи повеќе лежи .