Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    има ли др стани освен енци менци за опрема за бебенца ама мк по можност позз :)
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    На Elenika му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    еве ме и мене.. ама не доаѓам со добри вести..
    Бев вчера на контрола и не ми беше добро ЦТГ, нешто со тоновите на бебето ми правеа 2пати и исто покажа и ме качија горе во пред породилна сала, 2цм бев отворена и требаше да ми направат уште едно ЦТГ таму и да ми стават провокација, е арно ама ЦТГ беше добро, и ајде пак и пак и пак и паккккк на цтг и само цтгг (мислам дека кога следен пат ке го видам ке се онесвестам) а да не зборам за тоа колку стегаат со каишите, и така си ја преседов цела ноќ во пред породилна сала, се породија 9жени а сега вие замислете колку викање и пискање слушав и колку страв набив.. Искрено мислам дека оваа траума никад нема да ја заборавам, значи сите со болки викаат се дерат само јас седам и око не склопив цела ноќ.. и така дојдоа сабајле на визита видоа дека се е океј со цтг дека само тогаш така покажало и ме пуштија.. значи ме пуштија во 9 а за отпусна листа чекав до 12.30 и така фино лепо си седнав во 12.30 пред гинекологија и си се изнаплакав...
    Никад нема да заборавам што све видов и што све слушнав..
    Морам да го напишам муабетот на една докторка..
    Имаше една жена трето дете и беше , беше отворена 8 сантима.. и ја земаа да ја пораѓаат и замислете се враќа докторката после некое време и се дере си збори со колешките и вика.. МОЖЕВ И ДА НЕ ЈА ПОРОДАМ ТАА ТРЕТОРОТКАТА ДА ЈА ОСТАВАМ ДО САБАЈЛЕ АМА ЕПТЕН ЖАЛ МИ ПАДНА..
    епа да ти се мо*ам во здравството наше , да треба мене некој да ме жали за да ме породи.. Многу сум разочарана и да би имала пари никогаш повеќе не би стапнала на клиника.. како те мотаат од еден на друг па чекај ова е сега чекај ова, па оди кај докторот па сега е на царски абе патешествие..
    Да имав болки и да требаше да раѓам немаше да го кажувам ова ама јас немав ништо .. И ете така ме пуштија дома, вечерва пак бев на ЦТГ и сега одам да се комирам од спиење , бидејќи вчера око не склопив....
    Имајте убава вечер...
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ах Уник мила, навистина ми е мака што си морала да го гледаш и трпиш сето тоа, посебно сега , денови пред пораѓај.
    Денес и мене ме стресоа лоши вести... трудница, која имав можност на кратко да ја запознам, почина од антишок при царски .... само Бог да е со нас трудниците.
    Искрено многу сум исплашена, не сакам да покажувам , не сакам да мислам на лошо, ама ете сакам да се опуштам и се некои лоши вести до мене :doh:
    Ми се вришти да бидам реална :worried:
     
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    а и уште нешто вчера едната од тие што се пораѓаа замислете приодно роди дете тешко 6кг.. јас сум се чудела ...
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    :rofl: Да и е живо и здраво, може да го запише на школо право :lol: Жена херој, секоја и чест :angel:
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^^^
    Девојки т.е жени, ставете ги на игнор сите невкусни коментари на сестрите и докторите, а големи се шансите да тропаат што им дојде на уста без ни малку осет, и сконцентрирајте се на себе и бебушот...
    Јас страв од породување скоро и да немав, цел ден си лежев релаксирано, си читав списанија се додека не почнаа тие до мене да вриштат од болки...Тогаш ме фати паника па и најмалите болки почнав да си ги преувеличувам од страв и да си правам страшни филмови во глава...
    Не може да не влијае тоа на вас но гледајте да не е до голема мера и мислете само на себе...сепак, на чекор сте да ви се случи една од најубавите работи во животот па не дозволувајте негативност и црни мисли да ве обземаат...
     
    На Moira, Bozica1980, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    нема што да се плашите кој што рекол како рекол јуник јас додека лежев во штипската болница една цел саат пре очи ми ја породија јас бев на цтг на едниот бокс а таа на др рагаше ушите некако ги затворив ама очите неможев цел саат да ги држам затворени умрев од страв притисокот го качив 160 и ко да станам од боксот таа си се породи а јас му паднав на докторот во раце па ми се слоша и ко ме однесоа во соба докторот ме праша кој месец сум јас ко кажав 8 па ко винка на сестрата да пцува да се дере дека не е нормална ако таа отрпнала др некој не е па ко слушна и колку години сум човекот помодре од нервоза иако немам никој свој таму сепак само таа сестра кога и да отидев ми ја јадеше душата инфузијата не ми течеше она гајле ме е ова она али.Барем во Штип нема такви зборови сакав да ја породам несакав таму само може да ти се дерат сестрите и да те плесне докторот ако мн се дереш за да освесте од болките ма да еден си има во затвор завршено поради тоа али ко си во нивни раце нема што да правиш ајде со лесно се ке биде ја сум па за со царски еве МЕУ мн добро ме утеши сеа уште повеке сум уплашена за царскиот.
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ќути Еленика, и јас се “утешив“ , но тоа е, и самиот доктор кажал , се случува на една од 3000 жени. Со Господ напред, што да кажам друго.
    НА крај краишта ако треба да биде ќе биде и на пат до болница, затоа веќе не сакам да му ја мислам. Моментално имам страв од секаква анастезија, дури ни за епидурална не размислувам, само да си се породам придодно, колку се породиле, што сум јас подолу од нив, ете тоа си го мислам да ти кажам.
    Ете може и еднаш и два и пет пати да примиш анастезија па наредниот пат д а е критичен, никогаш не се знае... Ама пак ќе кажам, се се случува со причина, може Бог да чува и на природен пораѓај нешто да се зезне, нема таму правила... секој со својата среќа, па како е Бог никој не е.
     
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Мешиња ако почнете да слушате приказни од сите страни за тоа на која што и како и се случило нема далеку да стигнете. За жал се случувале,се случуваат и дај боже никогаш повеќе да не се случуваат лоши работи.Трудете се да изградите оклоп околу себе и да не ве допираат туѓите несреќи.Сега сте и крајно осетливи ,а секое ваше вознемирување влијае и на бебето. Верувајте дека колку помалку знаете за искуствата на други родилки ,па и за самиот чин на породување ,толку подобро за вас.Секоја од вас ќе си се породи онака како што треба и како што е најдобро за нејзе и нејзиното бебенце.Две исти породувања нема ! И една жена може да роди 2-3-4 деца и сите породувања ќе и бидат различни.
    Сега ве оставам да уживате во овој прекрасен сончев неделен ден :D
     
    На Unique.chick, meU и Annath им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.693
    Допаѓања:
    106.911
    Пол:
    Женски
    Женски , само едно ке ви кажам , по болниците се ке видите и чуете , само позитивно да гледате на се, зашто секој за себе е своја приказна..
     
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Јас не се обидував многу многу да дознам што како е, онака малку чисто да си знам што ме чека, ама ете откако отидов таму едноставно се изгубив сите лежат околу тебе со болки а ти поима немаш што и како се дешава, се надевам дека ке го заборавам тоа некогаш..
    Само храбро , се што почнало мора да се заврши ке помине и ова :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Јуник им се заарни на бебушиве наши изгледа. Мене за крај на месец термин, ама бебе некако абер си нема да излезе. Ајде има уште малку шанса да си поужива.
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.288
    Допаѓања:
    158.027
    Оваа и темата поддршка за сите што сакаат да затруднат ми се едни од подрагите. Ве читам и се сочувствувам,соживувам со вас,ама секогаш. Далеку ми е од ум сето ова,не сакам да ви се мешам во муабетиве,ниту имам искуство за истото. Ама еве си читам и си дискутирам со мајка ми. Имала тешко породување, глас не пуштила,три дена бил во болки со компликации и ниту една црна мисла на ум, ми вика, да им кажеш на тие девојчиња драги дека тие дади таму што се дерат и прават драми, не дека не боли, не дека е како пеперуткини крила да те галат, ама дека е болно за да им набиваат страв и стрес,не е. Нека не им се даваат на некои кои сакаат да прават драма и фама, некои викаат и за скренат внимание,ништо не е страшно и ништо не е болно откако ќе си го видиш бебето потоа. Ни тогаш, ни па сега не ми е јасно како може некој да урла на бокс, да не гледаат холивудски филмови и колку помалку викаат,толку повеќе сила ќе имаат полесно да се породат,подлабоко да земат воздух и да напнат.

    Така што, донт уори, би хепи и чекајте си го најубавиот момент во животот. Ова ви е муабет од женичка со тешки компликации, со три дена болки и секакви муабети,до најстрашни сценарија,ама кога дошол моментот буквално за 3 минути се породила и се било сосема во ред.
     
    На Unique.chick, ivanovicka, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Лилит многу да ја поздравиш мајка ти, ваквите жени за мене се прави херои. И мајка ми е една од нив, точно 36ч била со болки, требало царски да се пораѓа , ама немала врски па морала природно, што за неа резултираше со губење на 70% од видот... но ете успеала, без никој да ја разбере.
    Колку убаво и позитивно делува кога ќе се слушнат вакви искуства. И јас мислам дека не боли за да се дереме како на колење. Да, боли ама што од викање, сигурно не поминува , а силата се губи многу побрзо.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ај ќе ни кажеш ти наскоро колку боли :lol:
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Еве во контекс на муабетот на Лилит, би кажала дека навистина, кога ќе го фатиш бебето во раце, забораваш на се. За најмилите се истрпува СЕ! Онака машки што би рекле :emo:
    (морее да ги ставаат мажите да раѓаат мислам дека поимот природен пораѓај би се избришал од секаде :D тресулајки големи се )
    Еве конкретно јас, со рана од царски направена пред неполни 24 часа (со целосна анестезија од која едвај третиот ден си дојдов при себе), станав со бебето во раце да го шетам, бидејќи плачеше многу, а сестрите спиеја. Колку за споредба, 2-3часа претходно ме дигаа, ама ми се вртеше свест, ме болеше раната и не можев ни еден чекор да дадам ;)

    Другарка моја роди буквално за 15 минутки, ниту ја сечеа, ниту ништо. Така да секоја жена си е посебна приказна. Вие бидете сконцентрирани на правилно дишење. Имате право да викнете, да се испразнете од време на време (бар јас се празнев со по некоја пцовка :lol: ).
     
    На NoellePage и Annath им се допаѓа ова.
  18. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Женски што и да е, како и да е, ќе боли,ќе боли и ќе боли и ќе се помачиме и на крај мора да помине. Не може да трае маката повеќе од 3 дена. Здрави, прави мајки сме. За убава работа ќе се помачиме, што да кажат луѓе што со години се по болници и операции со тешки болести и хемотерапии.
    Како сите мајки, така и ние. Само здравје да не служи и сите ќе си поминеме од редот, а следната година ова време ќе ги советуваме идните мајки дека не е страшно и ќе си се смееме како не фатил цацко пред пораѓање :D
     
  19. nadege

    nadege Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    добар ден срцки како сте денес? јас сум супер целосно ја опремивме собата на бебчето и сега сум помирна :angel: све ми е испрано ,испеглано, скоцкано, сега само чекам да дојде термин, конечно да си ја земам во раце малата принцеза :inlove: инаку како ми се наближува терминот се помалку страв имам од пораѓај, знам дека све ќе биде во ред и нема потреба да се грижиме пред време. инаку со перидурална е најболје :!: прво статваат локална анестезија па потоа перидурална, последица може да е главоболка а пораѓајот е безболен.како и да е бебчето е најважно не е битно дали ќе биде природен или царски пораѓај, раната ќе заздрави, килограмите кои ги ставивме со диета ќе ги изгубиме а ќе го добиеме најубавиот подарок од животот нашите бебчиња :clap: мислете позитивно и се ќе биде во ред. имајте си убав ден :)
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056

    Ќе си ќутам јас :lol: што е сигурно, сигурно е, да не ги преплашам другите кои ќе бидат по мене :$