Не знам, само знам ми кажа дека добро е што е назад, бидејќи ќе се пораѓам царски. Не знаев каде треба да биде, сега дознав дека назад требало. Искрено за ова прв пат слушам.
Со првото на преден ми беше и бев царски. Пс. Сега не знам кај ми е ама мислам пак на преден ми е. И да пак царски ќе се пораѓам.
Нема врска кај е, мене сега ми е на заден па царски ќе сум. Само кај плацента превиа мора да е царски, а инаку дали е на заден ѕид или на преден не прави разлика во типот на пораѓај.
Царски се пораѓаш, да. Така бев до скоро, ризично било за природно доколку не се крене постелката нагоре.
Ризично им е во смисла ако е на преден ѕид постелката, бебето фактички лежи врз неа, ја потиска надоле. Ќе искочи прво постелката на природно, не прво бебето. Затоа препорачуваат царски. Компликација им е дополнителна. Ова последно од Гак е совет.
Не памтам со првото на кој ѕид ми беше ама сега ми е на преден и баш зборевме за природен пораѓај (првото бев царски). Не ми спомна за ваков проблем.
Две се да И лежам, навистина лежам колку ми дозволуваат условите, само не ми е јасно дали си правам беља што се движам кога морам. Дека мене ми рекоа, станување само за до вц. А едноставно немам услови за така
Мене ми беше долу на преден. И тоа беше лошо поставена. Може да биде горе на преден, си ценат они шо е ризично. Фактички плацентата го прекрива бебето ако е скроз доле.
Си знаат докторите што прават, сигурно подобро од нас. Ама знаеш, многу ми е жал кога ќе слушнам царски рез од некоја 'банална' причина, може зашто јас се уште не можам да се помирам дека завршив на царски.
Јас не се отварав ама сега си викам може требаше да ме остават да се мачам уште малку. А во тој момент не можев веќе да издржам. Ни натаму, ни наваму.
Добро тоа е веќе плацента превија,јас зборувам за нормална постелка на преден ѕид , за природен пораѓај досеа не сум слушнала дека прави проблем ама за царски засекот се правел подоле како што прочитав.