Фала многу на информациите. Претпоставив дека не го важат од приватна болница, ама како и да е. Засега ќе треба 10 или 14 дена само да примам терапија, 31ва недела сум. Ако ми продолжат понатаму тогаш ќе му ја мислам.
Значи мене тоа не ми е причина за царски, туку ми кажа добро е што е назад, важно ни е тоа за царскиот, а не дека заради тоа ќе сум царски. Не знам, не прашав зошто. Само прв пат слушнав. Се било во ред, не била ниска плацентата, нема лакуни. Бебето е 530 грама и сите мерки се совпаѓаат со неделата 22. Деновите, на пример кај главата е 22 +3, кај нога 22 +1, итн. Срцето го виде, има 2 комори и 2 преткомори, 4 точки, меше, бубрези, стапалата се во ред, рбетот итн.
Нема на што мила, и јас три месеци се боцкав без да ги рефундирам, ама откако сватив дека до крај па и по пораѓај ќе боцкам почнав да доставувам у фондот. Блиску сме ние јас сум 30+5
Тоа е најзаебаното јас мислам дека. Ќе се мачиш со болки да не се отвориш и на крај пак го јадеш царски. Пујј.
Здраво девојки. Денес на лекар..ми кажаа сакусот одговара на 6 недели и 1 ден а според менструација сум 5 +3 . Тоа значи порано е зачнато.?
Да да , прашував дали би било проблем доколку треба царски рез ,инаку за природно знам дека може ако е нормално поставена небитно на кој ѕид.
Ох, се' ми е ко во магла, но мислам дека во 37ма или 38ма недела ми го отстрани конецот. Не ме земај за збор, стварно заборавив се'. После тоа терав уште без серклажот, а мислев одма ќе излегува. Лесно и брзо e отстранувањето, под спекулум. Непријатно е малку ама ништо страшно. Породувањето помина добро. Во Плодност бев. Ич не се грижи, ќе си биде се' во најдобар ред. Веќе си во безбедна зона, кога ќе реши да излегува ќе си се гушкате.
Јас прво се извинувам Ве отрув од прашања од пусти страв. 28ма недела сум од денеска и два три дена чувствувам еднаш до двапати во денот при вртење во кревет или станување од кревет некоја како болка во стомакот не е болка повеќе како бодеж како тегнење како раскинување горе во една точка во стомакот лево и доле лево кај јајникот. Се соочил некој со слична ситоација?
Може да се лигаментите што се шири матката,или па бебето да притиска на некој нерв. Мене доле лево ме боли ко ќе мрда бебето јака интензивна болка што кратко трае,претпоставувам некој нерв.
Да прашам и ова, гаќи какви носете? Над стомак или под стомак ? Сакам да си купам ама не знам какви. И прслкот дали ве гребе на стомакот? Туку нели велев немам стомак и сега наеднаш нешто голем ми се виде Ок е, 6 месец сум, ама стомакот уште и ќе расте. А кичмава ќе цркне кај и да е Едвај се трпи ова, жими се ќе барам царски во 37 недела Не знам дали има некој што се жали повеќе од мене
Јас се префрлив на ниски, под стомак. Доволни ми се хеланките труднички нагоре, тек ќе се потиме. Од прслуци премкнав веќе на меки, многу ме убиваа под градите на стомакот.