Сите имаме зголемен исцедок во бременост, се дури не те чеша и немаш мирис, плус брисевите се чисти, нема потреба од вагиналети. Мене ко ми земаше брисеви ми кажа имаш кандида според исцедокот и одма ми препиша полигинакс, ама ко стигнаа резултатите навистина имав кандида.
Ќе му бидат таман, ама ќе ги носите кратко, 2 недели до месец. Моето се роди 3500, па се губеше во поголемите, ама па брзо стаса до нив. Не, сега имам цервикс 41мм, можеби затоа што од почетокот на бременоста се погоди да лежам.
@Enn001 ,јас земав неколку работи 50ка. Знам дека се мали и кратко ќе ги носи ама па сакам бебе да е убаво стокмено да не "плива"во нив Синоќа страшен грч доживеав во ногата Дури плачев од болка и се препотив Маж ми има порано тренирано фудбал и ме фати ми ја истегна ногата и прстите ми ги држеше на напред свиткани дури пројде. Исто ми кажа во одење ако ме фати да ги свиткам прстите напред застаната и да стојам дури пројде. Чисто споделив да се најде на некоја зошто страшно боли Овој магнезиум изгледа џабе го пиеме . Секој ден по 2 од 400 и стврднувања и грчеви почнаа. Инаку, за стврднувањата матичната пак ми рече дека ми е второ мускулите на матката се пооптегнати и затоа осеќам повеќе. Ми го мереше цервиксот пак ,добар е. Исто ми рече дека и од нагла промена на положба се јавува. И баш приметив пример седам во канцеларија оптегната,кога ќе станам до веце или кујна ми се јавува. Или кога ќе почнам да возам во кола. Мислам дека доста паничев од стврднувањата,3_4 пати одев само за нив. И двајцата лекари рекоа дека е во ред ,па најарно да не го мислам веќе.
Не ме чеша, а за мирис некогаш како да има а некогаш е без мирис. Обично е без мирис. Некои викаат исцедок во бременост треба да нема воопшто, затоа сакав да прашам дали и други со чисти брисеви имаат исцедок?
@eli25 си приметила можеби дека одреден период од ноќта те фаќаат грчеви? Мене на пример ме стегаат накај 5 сабајле уз тегнење. Мислам дека ниеден магнезиум не може толку да делува кога го пијам во 10 пред да си легнам. И мене сабајлево ме стегна јак, уште ме боли ногата. Гаќите за трудници што ги земав од c&a ми се guilty pleasure. Онолкави бабски ама поудобно нешто не сум носела. Земав една кутија 4 пара се внатре, откако ги пробав се вратив уште по 2 кутии. Периодов како што ме нервира се што ми допира кожа, исто како ништо да немам на мене се. Многу ги препорачувам. Јас во првата бременост имав секакви исцедоци. Од проѕирен, па бел, жолтеникав, дури и бледо зелен. Во Грција живеев тогаш имав прекрасен гинеколог кој исто ми велеше, телото минува низ многу процеси, сите исцедоци се нормални и додека не мириса и не чеша е во ред. Брисевите секогаш ми беа чисти. Еднаш почна да има лош мирис, ми препиша пробиотски вагиналети и се среди од 2.
Централна инсерција - Папочната врвка е поставена на средина на плацентата како што треба, тоа е нормално. За нехомогената структура со големи лакуни најубаво да ја препрашаш докторката, лакуните може и со притисокот да ти се поврзани, како си, го држиш под контрола или уште ти се крева?
Да. Тоа време. Пиела не пиела магнезиум исто ми се фаќа. Можеби грешам, ама затоа мислам дека не може толку долго да делува магнезиумот.
Можеби ти помага некои денови. Јас оваа бременост немам грчеви толку често како првата кога знаеше и 2-3 пати во ноќта да ме стегне. Сега приметив се случува само рано на утро, без разлика дали сум пиела или не магнезиум, и тоа не секој ден. Којзнае веќе.. Ајде ќе издржиме, уште ситно имаме.
Ели јас денес имав таков грч во ногата, исто маж оддамна ми кажа дека прстите нагоре за да ме пушти. Мене не ми е прв пат, од кичмата редовно имам вакви. Јас пијам магнезиум во кесички што е, на Натурал Велт, и добар ми е. Во вид на апчиња не го осеќам, вака да.
Ако ти е само за тој еден комплет слободно земи го, не се мисли. На бебе од 3-3500 ке му е таман. Пример, моето се роди над 4 кг и одма со 56ки почна кои му се смалија за 3 недели, затоа што многу напредуваше, речиси 2 кг прв месец. Значи зависи колкаво ке се роди и како ке напредува, просек е 600-1000 месечно да качи бебе.
Никој не те прашува дали можеш да се снајдеш или не, едноставно мораш и ќе се снајдеш. Затоа и погоре напишав и те како ќе трчаат по заводи за рефундација. Јас примам некаде од 5ти месец, 5 месеци х 15.000 ден не се малце ама тоа е.... Можеш да се одмиваш. Околу полигинаксот и јас примав и ништо страшно. Го препорачуваат на трудници.
Мами дај бе кажете саглам гинеколог. Стигнав до 6 месец уште се мачам со асален доктор да најдам. Само лутам натаму-наваму, само ме трупаат со терапии, еден вика треба, друг не треба. Полудев веќе. Барам некој што ќе ме сослуша, објасни убаво, да ми ги види сите резултати и знае да ми каже што треба а што не
Да не е магнезиумот незнам што ќе правев. 2 дена не се напив и лудница. Иначе јас пијам Magcitra од 1900мг, пиев по 1 сега пред пораѓај почнав по 2 на ден
Напротив,исцедокот во бременоста е зголемен. Јас не памтам да сум имала толку исцедок до сега,а немам никаква инфекција. Цело време се осеќам како подмочана. Не знам зошто те паничат,јас при секој вагинален преглед крварам такво ми е грлото осетливо,не значи дека е одма нешто страшно.
Lele devojki posle serklazot dr mi rece utrogestanot da go pija ama katastrofaa sum a go pija i su ko pijana sve mi se vrtit omalaksana sum a mi rece 3 pati ne den 1 mesec da go pijam ne zna kako ke se izdrzit vaka
Јас сум 13та недела. Исцедок немам воопшто или многу ретко, а со првата бременост имав уште пред да ми касни, па така цела бременост. Штом ти се чисти брисевите јас не би ставала ништо, а можеш одмивки да си правиш. За тоа дека имало крв на брисот, мене еднаш така ми се случи и докторката одма ми измери цервикс, за нејзе тоа можело да биде знак за омекнато грло или скратен цервикс. Така да, можеш да си побараш да го измери.
Додека ти се навикне организмот ќе имаш такви ефекти од утрогестанот. И мене кога почнав да ги пијам ми предизвикуваа вртоглавици и омалаксаност. Со тек на време поминаа. Не се грижи