Мене докторите секогаш само д димерите ми ги гледаат без времињата, за тие кога прашав ми рекоа дека никогаш нема да бидат прецизни заради бременоста...
Слободно можеш да се миеш со камилица, мада и вагиналетите не се штетни, слободно можеш да ги употребуваш.
Мојот матичен секој месец ми дава упат за авицена, баш сестрата прашува каде сакаш и и кажувам авицена без проблем ми куца, само што авицена само таа во Тафталиџе соработува со фондот, другите не. За крвна слика и уринокултура, без д димери е бесплатно, здравје за месец дена ке проверам и димери, ке пишам искуство.
Пред две недели рефундирани 3700 за 28 fraxiparine, не враќаат 70%, и на решението си пишува цена 150, што нема врска со цената по која се купени
Докторот ми кажа дека ќе ме пораѓа царски. Близнаци носам, рано е ама може некој со царски да ми каже искуство, како е, кои се ризиците, зошто не би можела природно и тн?
Прелесно е. Спинална анестезија ти ставаат ќе си лежиш тие ќе си работат и ќе си имаш две бебувчиња Ќе те однесат на интензивна нега и бебињата нема да се со тебе тој ден туку следниот. Следниот ден ќе станеш бидејќи додека си на интензивна нема станување. Е тоа е малку потешко. После секое наредно станување ќе е се полесно. Не знам да кажам за ризик од природно со близнаци, но мене не би ми паднала на памет таква желба кога би била бремена со близнаци.
Раѓаат природно и близнаци, ама сепак мислам најдобро докторот да одлучи. Не мисли на ризици, мисли на гушкање на две бебенца
Мајка ми, пред 27 години роди природно близнаци. Во Скопје беше, на ГАК се пораѓаше. Помина одлично. Баба ми, пред 55 години роди близнаци природно, во град во внатрешноста. И тоа не знаела дека се две мислам. Така да, не е исклучок и природен пораѓај со близнаци.
Ви се има ли свртено бебе карлично во 33 недела? ДО сега си беше со главчето надоле цело време сега што му текна не знам. Не знам дали има простор да си се сврти со главата надоле пак
Не е мое да зборам ама сега докториве како само да гледаат да породат царски. Има многу мајки со близначиња што си се пораѓаат природно,макар и со провокации порано од 40та недела,не знам зошто да не си се породи природно освен ако има некоја друга индикација поради која не може.
Синчето се сврти кон 34-35 недела, ама се качи многу горе во вртењето. Ако се сврти ќе осетиш, цел стомак ми го помести тогаш се гледаа стапала, газе странично, дури се намести беше страшно за гледање. Тесно е ама има време уште некоја недела за вртење.
Мене не ми се сврти Во 27 беше со главчето надолу. Во 31 со газето надолу и така си остана. Правев од јутјуб вежби за да се сврти ама џабе. Царски се породив поради тоа.