Во приватните болници после 5-6 саати ти носат бебе, и станување исто после толку. За ремедика конкретно зборувам. Може по државниве не е случај.
Во последно време обично кај близначки бремености сите доктори инсистираат царски, компликации како и кај природен пораѓај се можни, меѓутоа не мисли на тоа сега, ке биде се во ред.
На докторите царски им е доста предвидлив и при најмала ситница велат царски. Ако му веруваш на докторот тогаш оди, ама ако си решена за природно, зборувај си и кажи дека сакаш да пробаш. Ако има услови за природно. Секој пораѓај си носи ризици, никогаш не знаеш што може да се случи. Животот е ризичен, ама не мисли на такви глупости. Има простор ама може и така да остане. До 40 може да се сврти и врати.
Па ќе ти ги донесат малку само да ги видиш. Нема гушкање, нема обид за доење, нема грижа за нив додека си на интензивна.
Па ќе пукнам така од мака, од грижи, од триста прашања што ќе ме мачат, од збунетост, од неизвесност. 24 часа како 24 месеци. Одма си ги сакам
Глупости живи. Мене пример по 5 саати почнаа да ми олабавуваат нозете. Какво доење бел коњ не гледаш пред себе уште да доиш ти фали. Безпредметно е на исто рамниште да ставиш опериран и не опериран човек.
Нема. Нема баш да ти е многу до бебињата дури си на интензивна де, сега да не те лажам Ќе мислиш дека натоварен шлепер те удрил и си останала жива ... така по фино кажано
Јас не знаев каде сум. Дури нареден ден полека се освестив каде сум и која сум, свати нема стомак имам син. Ке си збунета ама најверојатно ке ти треба време за себе да се соземеш. Е штом ги земеш во раце веќе нема делење.
И ја не знам што толку замараа искрено кога ми се олади раната доле и ја неможев а не па они со царски ..
Јас моментално го осеќам како фудбал да игра внатре не знам што прави. Пред да се сврти беше истото ,а баш си беше мирно бебе не знам што му стана си викав сигурно ќе си биде со глава надоле до пораѓај ама еве сеа за беља. А страв од царски уф
Ќе правиме муабет по еден месец од твојот царски .... Ќе видиш дека ич не е страшно колку шо личи, верувај.
Мене после царски два пати на мене ми го ставија, нели одма после пораѓај и после во интензивна, само јас бев таму во моментот. Ама толку бев отупена од емоции, веројатно од се што ми ставаа за пулсот и притисокот, што срам ми падна од сестрите дека не реагирав никако. И уште ми е жал што не доживеав такви емоции ко на филмовите. Е наредниот ден веќе свесна бев што се случи ко го видов.