Баш се зачудив кога прочитав, ваму и на града ги ставаат одма да поттикнат лактација, и сестри по две за помош на мајката да стане, барем чекор- два...
И мене ми кажа др што ќе ме пораѓа дека царски ќе сум, исто близначка бременост. Прашав за природно ми рече можеби ти ќе можеш ама преголем ризик е за бебињата, башка сум нискичка и слабичка Му верувам на докторот и сепак и тројцата сме битни да поминеме одлично на пораѓај (не го сватив како трагично што ќе сум царски) битно ми е се добро да се заврши
А мене па чудно ми е толку брзо да се форсира да се стане. Па и да се дои. Нема никаков оправдан бенефит, тврдам.
И јас така пониска и слаба и ваљда поради тоа така ни рекле. Иначе друг основ нема. Не дека трагично, ама малце ми е страв од што имам слушано лоши искуства. А која недела си и кога ти кажа тебе дека со царски? Мене премногу рано, ама тој си знае.
Првиот подој, на повеќето конгреси и школи за трудници што сум посетувала и кај нас и на балканот е многу битен за да се создаде врска помеѓу мајката и бебето и да се поттикне таа првична лактација. За станувањето не знам зошто ама и тоа го форсираат, колку се може толку.
Само еден? Мене ми се видоа 3-5. Во болница од возбуда спиев по 3-4 часа, еден влегува друг влегува, на телефон сите на месинџер да го видат, абе лудило. Дома лога дојдов не знаев дека сум толку уморна. Се избањав и паднав во кома, ме будеа са го дојам и продолжував. Знаев имам маж имам свекрва на располагање, абе кома, ме немаше. И цел месец бев преморена, ме болеше раната. Излегувам да прошетам, 45 минути максимум и рана боли како тазе оперирана. Хаос. Не знам како некои може да усисуваат сами дома по царски.
Ништо страшно, на втора бременост нема да ти текни едно 4 5 години Со лесно меше П.С - само се шалам нема две исти! Еве јас ќе имам 4г и 7м од првиот царски, не дека мн лесно ми беше ама пак се решив МАЈКИ сме,се ќе издржиме за бебушките, се е минливо
I od priroden I od carki Imam Strav....moevo kje e najverojatno carski...Kako I da e samo zdravi I pravi dvete da sme...
А за емоциите на конгрес кажуваа? Дека мајката треба да е опуштена психички и физички за млекото полесно да тече? Доењето е многу повеќе од бебе и брадавица. Доење е виша математика.
Моето искуство е поинакво. Во 8 вечерта се породив царски. Накај 8:45 ме однесоа во соба. Секогаш кога добивав болки ми пуштаа епидурал, обично 4 часа делуваше епидуралот. Бебето ми го донесоа за помалку од 2 часа да пробаме да се доиме. Потоа ја земаа, оти бев истоштена. Цел ден бев со провокации и на крај завршив итен царски. Ми рекоа да одморам ноќта. Следното утро во 9 ме станаа, ми донесоа бебе и од тој момент бебето беше цело време со мене. Јас едвај чекав да го видам, не се секирај, адреналин мава нема нешто што нема да можеш тогаш, па здравје и ќе си ги гушнеш и бебињата брзо потоа. Иначе, слушни повеќе мислења. Нема зошто при нормална бременост и без индикации да раѓаш царски, сем нели ако не постои поголема причина. Чинам, во Македонија непотребно многу го форсираат царскиот и не даваат шанса за природен и при услови за истиот. Слушај си го телото и нормално, следи совети на докторите околу тебе.
Ne kazuvaj, citam tuka i mi se losi....Mislam deka do bolnica ke se onesvestam a ne drugo..Doktor insistira prirodno, a jas psihicki sum haos
Можеби, не навлегувам во детали, ова ми е прва бременост, од искуство лично не сум запознаена, но ова е искуство од врвни доктори- специјалисти. За неколку месеци може и ке се сложам со твоето и мислењето на повеќето, од лично искуство
Си ја знаат они состојбата на пациентот и според сите факти одлучуваат. Инаку сум 31, пред две недели јас си го прашав каков пораѓај ќе имам и тогаш ми кажа- предложи дека царски е подобро и посигурно. Само Господ да е со сите нас, друго се ќе биде добро.
Ова ми е најтрауматично и уште сега се спремам физички за ваквите акробации на бебето . Мене ми е, да не кажам страшно. Инаку, кај мајка ми, а и кај баба ми, едното бебе, едниот близнак бил карличен. Брат ми бил со раката мислам свртен. Е сега сечена е од долу. Јас знам го донесоа, го видов, и за спиење го зедоа Јас искрено не бев способна за ништо и искрено баш како шлепер да ме поминал. Какви маки имав додека да фати, да се намести, ама дома си фативме ред и го доев цели 2 години.
Како прв одговор дека не е исто единечна и близначка бременост ( сепак ние се молиме барем до 36 недела да издржиме) ми вика секој ден ми е плус, што реално е така. Како што кажав нискичка и слабичка со тесна карлица, моментално се со главчињата надоле, но не се знае дали така ќе останат. Јас можеби би можела природно да родам, Али за нив е поголем ризик со двојајчани сум, и за недај Боже да се искомплицира нешто царскиот би бил идеален за мене и целата моја состојба. Му верувам на докторот и битно ми е и тројцата добро да поминеме. Па и на толку мака што видов за да дојдам до нив нека ги вадат царски ❤️
Како оди договарање за пораѓај и кој доктор ќе ве пораѓа? На државно како знам е кој ќе се погоди,или ?