Можеш и на државно да се договориш ако сакаш пиши ми лп ќе те контактирам со др.Илиевски ако сакаш државно
Гледам се интересираш, па ќе ти цитирам мислење на Каетана која е експерт во ова поле. Штета веќе не е активна тука, ама затоа има своја страна со многу корисни совети. Можеш и мислења да и прочепкаш низ форумов, има многу што да се научи. Минатите бремености ги поминавме заедно и беше супер искуство.
Од збор да збор. И присуството на партнерот при било каков пораѓај ,можноста на мајката да си го слуша телото ,да се движи според неговите потреби,да не е врзана за бокс со 2000 апарати и да не може да мрдне во друга положба освен легната на грб. Многу години сме назад за жал . Така мора да биде и готово, а замислете колку би биле поопуштени мајките и полесни пораѓаите кога би имале повеќе можности од тоа што ни го нудат овде.
Samo pozitivno....nitu ti si prva I posledna nitu jas sum...ti sakash carski da se porodish?Ako e taka kazhi mu na doktorot...
Баш ова е тоа за што зборував ама не сакам да навлегувам во детали и да наметнувам мислења, сепак немам лично искуство во пораѓај, меѓутоа имам доста искуство од таа бранша, болници, доктори итн. Не ја познавам членката, ниту ја имам прочитано, но ова е тоа. Браво.
Упат за димери или за обична крвна слика во Авицена? Мене ми рекоа дека димерите не можеле со упат да се проверуваат, само да си доплатиш за приватно
За обична крвна слика со седиментација и уринокултура. Д димери уште немам проверувано, затоа немам искуство. Инаку д димери и хемостаза на трансфузиологија најдобро и најточно.
Кога доев со синко, имаше на фб група Соба за доење. Админот мислам беше докторка која беше во Канада и беше токму стручна за доење. Толку ми помогна, толку корисни работи сподели. Според нејзе речиси е невозможно една мајка да нема млеко. Кажуваше совети за поголема лактација која немаше врска со боза и чаеви туку единствено со доење. Што почесто детето на града итн. Штета што не е активна групата веќе.
Муабетот мислам беше ако ги стега рачињата во тупаница, а не ако цица палец. Мада се е тоа претпоставка, да не си вадиме памет пред време
Предобро кажано, само што ние сме милион години назад, кај нас и бебето да ти е со некоја мана кадешто треба да поминува време во болница да се лечи мајката ја третираат како најголем непријател, треба да ги молиш за да те пуштат да го видиш да го допреш, мајката е многу битна во процесот на оздравување, еден месец го немав видено ми викаа ај нека помине па ќе го видиш да не се поврзувате сега , јас секако сум поврзана со него 9 месеци сум го носела и инсистирав и на крај ме пуштија, после 2 пати гледање син ми имаше многу подобрување и го пуштија од болница. Таа поврзаност не може никој да ја прекине, колку пати дома бидејќи не можев да го дојам тоа ми е најтешко бидејќи не можев да ја почувствувам таа поврзаност, ќе си го ставев голо на гради мислам дека буквално се расцветано беше околу нас, ја така тоа го чувствував . А во странство е друго одма ти даваат соба друга со бебето, можеш да го гушкаш да седиш со него да му даваш лекови ти, а не сестрата се што може полесно да му биде на него можеш да правиш, се надевам дека ќе се смени ситуацијата кај нас. Така да мајки стегнете заби, болки ко болки поминуваат, таа поврзаност помеѓу бебето и мајката не се споредува со ништо на светот со лесно на сите и позитивно само размислувајте, борете се
Здраво женски, 21+ недела сум,вчера 3-4 пати го осеќав бебето ама многу слабо, пред ова бременост имав абортус во 15 недела поради што ми снема плодова вода. Значи вчера беше многу пасивен, имаше ептен слаби удари,цел ноќ немам спиено мислејки на најлошото,пред 3-4 дена бев на контрола све си беше во ред,имаше плодова вода и све. Дали е нормално за во овие недели бидејки секој ден е многу активен и од еднаш толку слабо да го осеќам?
Има денови кога не се многу активни, напиј се кока кола и касни нешто благичко би требало да се размрда, јас коа ќе лежам на лева страна ми е најактивна, ма да се случува некогаш цел ден да не ја сеќавам (особено ако сум во движење). Ако ептен ти ствара страв појди нека те видат на ехо.
Мила пиев вчера 1 голема чаша,јадев целл ден благо,ми мрдеше малце ама сепак многу слаби удари,ептен се слаби само да ми даде синјал дека тука сум ама за мене тоа не е доволно бидејки имам многу лошо искуство поминато со плодовата вода и цело време мислам на тоа да не е е тоа причината. Му пишав и на гинекологот да видам што ке ми одговори
Женичкии од сабајле осетив како некое стврднување во стомакот веднаш под желудникот. Не знам како да објаснам, како мускул да се стегни неколку секунди и да ме пушти, после некое време па исто. 14+2 сум па се мислев да не е бебушот? Или нешто друго е? Нормално е ова?
Мислам дека штом го осеќаш е во ред. Јас минатиот викенд ја осетив само сабајлето , после ја немаше до вечерта и заминав на дежурен и беше во ред. Ти си 21 ва , јас тогаш бев 27ма така да сеуште ти е рано толку јако да го осеќаш