Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Еден ден во 22+ недела не го осетив цела вечер, а пред тоа секоја вечер мрдаше. Многу ми беше страв. Отидов на работа и реков ќе почекам уште малку и ако не мрдне право во Чаир. Почна да мрда, слабо, ама мрдаше. И јас како членката погоре мислам чим го осеќаш дека нема простор за паника, но ако ептен ти е на мисла тркни едно ехо да ти направат.
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.426
    Допаѓања:
    183.290
    Пол:
    Женски
    @mcluckie
    Баш ми е жал што си поминала низ тоа, се надевам дека сега се е во ред и уживате заедно. :)
    И јас се сложувам дека врската мајка-бебе се создава уште додека бебето е во матката.

    Бенефитите од првиот контакт по раѓањето на бебето со мајката, односно оној кожа на кожа контакт, како за бебето така и за мајката се големи. Го регулира шеќерот во крвта на бебето, ниеден инкубатор не може да се мери со топлината на телото на мама која му помага околу регулирање на телесната температура, му го регулира дишењето. При контактот кожа на кожа се стимулира одредена функција на мозокот, која го поттикнува бебето спонтано да се придвижи кон градата на мама, при што помага со првична стимулација на млеко, што понатаму поттикнува физички развој. Од психолошки аспект, постои момент кога ќе ги отвори очите и ќе ја погледне мајката. Ова го поттикнува емоционалниот и социјалниот развој.
    Контактот кожа на кожа, кај мајката ги смирува хормоните. Поттикнува лачење на окситоцин (хормонот на среќа), го намалува ризикот од постпородилна депресија итн итн. Замислете по пораѓај, колку измешани емоции имаме, па дополнително ќе ни го земат бебето и ќе ни го донесат тек по 12 или 24 часа.

    Ни јас немав среќа да осетам кожа на кожа контакт. Ниту во Грција каде што тогаш живеев не е пракса, никаде на балканов додуша. Имав само малку среќа да си го видам кратко бебето по пораѓај.
    Никогаш нема да го заборавам тој момент. Колку неконтролирано се тресев од адреналин по царскиот, се до моментот кога педијатарката ми рече дека сестрата сега ќе го донесе бебето. Како после таа реченица, се десија милион процеси во мојот мозок, за телото веднаш потоа да ми се смири.

    После пораѓај сите ние не знаеме кај се наоѓаме и кај тераме, ама мој совет е пред тоа, секоја да си побара да и биде дозволено да си го гушне бебето. Инсистирајте ако треба, нема валидна причина зошто да не ви дозволат. Сеедно, кога ќе бидете дома, секако можете да практикувате кожа на кожа контакт. Башка што истото понатака помага и за смирување на грчевите кај бебето.
    Овој пат сум во Германија, па тука е пракса и среќна сум што овој пат ќе можам да го уживам тој момент.
     
    На Doktor F, MeowMeow, Enn001 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Добро утро добар ден мешиња.
    Каква ноќ, 3 пати имав грчеви во двете нозе, а имав испиено 2 магнезиума по 400мг.
    Ќе си умрам, едвај врзав малку сон.
    Два три дена испуштив калциум да се напијам, тоа се мислам да не има врска.
    Во пубертет често имав грчеви во мускули, тогаш ми препорачаа литро млеко на ден и Б витамини, па незнам сеа тоа ми се врти низ памет.
    И сестрата кај гинекологот скоро ми рече поише млеко да пијам.
    Рацете отекуваат, болат, се чудам од понеделник како на работа.
     
  4. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.611
    Во 21ва недела јас не го ни осеќав , сите сме различни да но сепак мислам дека е рано за некој појаки удари. Поради претходната ситуација јас би направила едно ехо да не мислам.
     
  5. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    5.437
    ја мислев само јас сум :?:
    се породив природно и да се чувствував буквално како што опишала членката ко шлепер да ме удрил и сум преживеала :rofl: бебето ми го дадоа одма имавме контакт кожа на кожа, ме сошија и требаше да ми дотече инфузија за да ме симнат доле, ме прашаа дали сакам да ми ја остават, им реков да ја земат затоа што едноставно немав сили да ја држам :?: после 2 саати си дојдов на себе колку толку..
     
    На демотивирана, fana и kristina.k им се допаѓа ова.
  6. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.611
    Со лесно на работа . Јас немам грчеви ама а легнам да спијам имам некое чувство во нозете како да морам да мрднам,некој склет ме фаќа и нема шанси да заспијам. И магнезиум и млеко и се пијам ништо не помага, итоа сеа почна ова пред 2 недели претходно немав.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.497
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Цела вечер со тоа се мачев жива нервоза ме изеди, незнам како да ги смирам нозете а плус имам sex drive око немам склопено.
    Што може да помага за таа нервоза во нозе :( се утепав врткаќји лево десно си викам го потепав детево а тек 17 недела сум :(
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.164
    Допаѓања:
    124.612
    @Eli23 од пред два вечера што ме стегнаа на два пати јаки грчеви во иста нога сеуште неможам убаво да згазнам на нога и ме боли:(
    Јас пијам идеос (калциум+вит.Д) два пати неделно така ми е кажано , не пијам секој ден калциум. Може и тоа да има врска :?:
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Нема врска, јас ги пијам идеос секој ден и магнезиум сабајле и вечерпа грчеви и болки колку сакаш и јас око немам склопено :worried:
     
    На Eli23 и eli25 им се допаѓа ова.
  10. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Исто!!!
     
  11. AugusTina!

    AugusTina! Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Цела вечер и цело сабајле и сега сеуште осеќам мрдање во стомак на едната страна, ама цело време. Прв пат го осеќам ова можно е да е бебето, 19та недела?
     
    На Mateas и Nina187 им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Да, тоа е. Јас сум 19 недела осеќам удари веќе некое време, и на рака се осеќа.
    Има некои помирни денови, ама сношти не спиев ноќта и сфатив дека тогаш најсилно мрда, а преку ден е попасивно.
    Кај мене е лево цело бебе легнато, ако легнам на таа страна во ребра дури ме мава. Може двете нежно да ги осеќаш, ќе се зголемува сега мрдањето со секој ден.
     
    На Coco31, eli25, Bebulleee и 2 други им се допаѓа ова.
  13. AugusTina!

    AugusTina! Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Лево кај мене е машкото, десно е женското. На сите контроли машкото бебе е размрдано, плива, клоца, а ова женсково од почеток е стуткано и мирно. Ете и прв пат и тоа немирното што си го викаме го осетив. Откако легнав осеќам некои скокоткања, па како некои гасово не знам како да објаснам и лежам сега откако станав и осеќам цело време.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    Моето бебе за викенд е многу пасивно. Ќе клоцне сабајле, ќе клоцне малку попладне и навечер. А кога сум на работа многу почесто го осеќам.
    А прв пат да го осетам кај ми клоца рака на стомак е веднаш после вторниот скрининг. Што толку се плаши од сондата не знам.
     
    На Eli23 и AugusTina! им се допаѓа ова.
  15. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.611
    Е и јас тоа имам приметено дека за викенд послабо мрда,не знам зошто . Си одмара :rofl: а навечер кога спијам јас ретко мрда си спие и тоа. Активно е преку ден најмногу ,кога ќе се разбудам кога ќе ми го чуе гласот почнува да се тегне.
     
    На Eli23 и Freckles. им се допаѓа ова.
  16. idontwannabeyou

    idontwannabeyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    170
    Девојки можам да се фарбам со обична фарба или мора да биде без амонијак? :mm:
     
  17. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    14.347
    Пол:
    Женски
    Без амонијак.
     
    На Freckles., idontwannabeyou и Srcka28 им се допаѓа ова.
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    4.922
    Пол:
    Женски
    Јас се фарбам со обична фарба со амонијак,тие без амонијак не ми фаќаат.
     
    На Matea94, Bibi_23, Erika.greeneyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Dali nekoja primila vakcina protiv tetanus vo bremenost?
     
  20. Grateful

    Grateful Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2020
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    @eli25 @Kolache na mama @Saf Девојки јас сепак бев во систина,све било во ред,нормално било некој ден да има помали удари. Фала ви многу❤️
     
    На Indi96, Matea94, Freckles. и 2 други им се допаѓа ова.