Веќе саат време осеќам како благ бодеж/удар/грч не знам да дефинирам од левата страна на стомакот во висина на папокот, почна после ручек и еве уште трае се повторува на 5-10 секунди не боли, ама баш е непријатно. Бебе не е, зашто него го осеќам увек пониско и различно е мрдањето негово. Што може да е? Пробувам да го масирам да го опуштам да не е грч на мускул ама не помага. Има некоја вакво искуство?
до 16 та недела повраќав јас. кај секого е индивидуално, отприлика е првиот триместар додека се привикне телото на сите промени што се случуваат
Кај мене се случи истото.. До 33та си беше со главчето надоле и во 33та ми кажаа дека скроз е со ноџињата доле.. Еве сега сум 35, на последен преглед пред некок ден беше со главче надоле Се надевам ќе остане до крај така
Што користите за алергии пролетва? Долго време ми се немаше појавено, еве баш сега најде Нос тече, пече, очи солзат..Аман веќе.
Пиев магнезиум директ на алкалоид па сменив со биолектра од 400 капсули ама сега ги снема. Сакав да нарачам на синерџи магнезиум со б6 ама тука во темава прочитав дека магнезиум цитрат не се препорачува во бременост? А овие се цитрат. Сега кој да го земам но ми треба од 400?
Зошто не се препорачува? Јас нив ги пијам, а сакав наредно да земам појаки на Солгар во комбинација со калциум, ама и тие се цитрат.
Ден за претурање по стари алишта, бебешки, детски. И апетитот лудница денес. И ноќе сум многу гладна.
Ели, цитрат е подобра опција од оксид оти е чиста форма на магнезиум и подобро се искористува во организмот. Тој на синерџи е супер.
Истоо. Овие денови многу ми се јаде, синоќе станав во 04:30 да јадам, да не јадев немаше да заспијам пак.