Без директ во напредна бременост не знам како се издржува. За се ми беше лек. Нема штета, сите го пиевме уште од тогаш во темава што пишувавме.
Од 25та недела натаму веќе со сигурност знаев дека е бебето,претходно не, само некој непријатни удари во бешика осеќав ретко во денот, некој движења како гасови. После веќе почна да клоца и да се познава дека е бебушот.
Јас го гледав да го земам , сега ги пијам магнезиум директ на алкалоид и сакав да сменам , ама како што ми објасни девојчето во аптека се пијат три пати на ден , па се предомислив и овој што ми е еднаш го заборавам
Мене по препорака од аптекарка пријателка го пијам овој магнезиум…малку е поскап ама пијам по 2-3 таблети на ден а во шишето има 90, презадоволна сум искрено грчеви не знам што се Јас го земав од Виола мислам негде 800-900ден беше
Јас го пијам магнезан б6. Ми го препорача докторот за главата. Друг магнезиум не пијам. Искрено не знам кој каков е, и дали е овој добар. Грчеви за сега немам. За што друго пиете магнезиум?
Зошто не се препорачува? Ако е така нема ни гениколозите да ни ги даваат. Јас пијам Цитрат на солгар супер е..додека пијав директ немав ефект никаков. Со претходната бременост Оксид пиев, со препорака на докторот. П.С како кола падната на карики сум дефинитивно, два дена се немав напиено магнезиум шо до сега не ми се десило да прескокнам. Колкови, половина ама се боли како баба одам
Јас ваков користев претходно, ама малку ми беше една кесичка. А со цитратот една пред спиење немам мака, ама сега ваљда ќе се навратам на ова.
Јас пијам 2x400 од оксид. Некогаш 3.Према ова колку треба од цитрат од 200 да пијам?Или еве тој од 350?
Магнетранс дуо се магнезиум цитрат 100мг и магнезиум оксид 300мг Постојат лаксативи со главна состојка на магнезиум цитрат и мислам тие не се препорачуваат. Не дека се знае дека можат да наштетат, туку дека не е испитан магнезиум цитрат на трудници и доилки. Тука на линкот подолу пак пишува дека не се препорачува оксидот во бременост, а цитрат дека се препорачува напротив и дека сепак најдобра опција е магнезиум хлорид. https://8sheep.com/blogs/news/what-is-the-best-kind-of-magnesium-to-take-while-pregnant Јас пиев магнетранс дуо по препорака на гинеколог и фармацевт, а вака на нет на секакви различни мислења може да се наиде.