@eli25 @kristina.k Женски искрено во порана бременост бев и тогаш не прашував ништо подетално, ни зошто, ни како, така ми кажаа и си слушав се.
Добро утро. Испиено кафе, па после јогурт и геврек, и пак сеа сакам кафе. Понеделник на работа, јбг. Ќе се воздржам од второто кафе едно половина час, таман саат време од доручек ќе ми дојде. Сите комбинации ми се возможни сеа. И претходно си бев чудно човече, ама ај. Матичната вика на трудно никој не му замерува, кусур не му фаќа. Spoiler: ХХХ Затоа не ми смета да си плаќам ехо кај неа, многу ми е вицкаста. Морам ли да работам? Бебе ме мава директ во бешика. Абе луѓе, што е со трудничкиве фармерки, ужас се. Само мене ми се слекуваат ли? Абе и гаќите ми ги мкнат надоле. По цели денови шетам со фармерките во рака. Т.Е. не шетам, седам претежно, ама коа морам до негде, смрт ми е. Едвај чекам да почне сезона на фустани или шо би рекла внука ми ,,Пустани“.
Исто и јас со фармерките, цел ден само ги кревам , ама пак од друга страна најудобно ми е на стомакот кога ги носам. Ајде уште малку па ќе почне најубавата сезона на фустанчињаа едвај чекам
Другарки јас пијам магнезиум повеќе од 4 години без прекин,и со првото синче во бременост,и 2 години додека доев,и во втора бременост ,воопшто немам прекин, со тоа што во бременост пијам поголема доза.Од сите што ги пиев најдобро ми одговараат магнезиум со б6 од синерџи, и сега пијам плус чист магнезиум магнетранс.Син ми е здраво дете,не верувам дека смета во бременост и доење. Од лекар ми е потенцирано дека магнезиум цитрат најдобро се апсорбира во организмот.А и сите витамини кои ги внесуваме ги пиеме всушност за нас,бебињата си земаат од нашиот организам се што им е потребно дури и ако не пиеме витамини,ги пиеме повеќе за ние да се чуствуваме подобро.
Јас во хеланки се осеќам најудобно, секое утро одам на работа со фармерка, а во ташна носам хеланка. Се пресоблакам во текот на денот. Мене па работ на фармерките ме стега долу на стомакот и ме боли веќе кон 12. Не е нешто страшно, ама како што седам на столче, на биро, неможам потоа да трпам.
Од кај ги земате трудничките фармерки? Јас земав едни од H&M за проба и многу ми се погодија, ама сега у Мк освен у Calzedonia не знам кај има. Сакам црни.
Прв пат слушам за калцедониа дека имало. Инаку вајкики, синсеј, бутик за трудници ева, и она долу во гтц во подрум. Не знам други места. Од кај и да земеш глупи се
Фармерки ич не можам да носам, до 12та недела носев и тогаш тој ден едвај издржав во нив. И сега сум само во тренерки и хеланки, тоа ми е најудобно. А труднички фармерки не знам дали би купила, мислам дека нема да ми бидат удобни.
Женски, навечер почнав да добивам некои стврднувања на стомакот што траат поприлично долго, по неколку саати - целиот стомак е згрчен и не можам да спијам, да се вртам - ви се случува ли? Бебе мрда, се врти, си ика за тој период - не чувствувам разлика во нејзините движења. Наутро се е во ред, можно ли е да се акумулирани гасови што едноставно ми го пополнуваат цел простор?
Јад овие од H&M што ги земав како по мерка ми се. Сега ми е криво што не земав плус пар да се преперувам барем. Баш ќе видам по овие што ги спомнавте. @fana Calzedonia имаат сигурно, само не знам кај нас како се снабдени. Инаку треба да побараш да ти извадат, никаде не им се изложени по продавници.
Каде носите фармерки?Ја ич не ги сакам,а и висока сум па ретко можам и да најдам доволно долго.Ги гледав тија од waikiki како 3/4 можам да ги носам,да не кажам кусо петле.Носам хеланки или тренерки.Секако сум дома.Нркогаш по цел ден сум во пижами,зависно од расположение.
На работа. Тие хулахопките од Сара Фешн, трудничките, како се со бројчиња и цена? Искуство со бројчињата?
Има и у Bonatti, ако некоја знае кои се подобри препорака. Јас пред малку гледав ама не знаев да се одлучам, си земав хеланки од Стружанка за по дома.
Додека одев на работа носев исто хеланки црни наместо панталони ,со блуза или кошула,и подолго сако,или фустани со хулахопки,фармерки ни не бремена не носам,ептен ретко,не можам да поднесам да ме стегаат.