Јутар. Вчера цел ден стомакот го осеќав камен тврд, во горниот дел. Јесда и бебето вечерта таму клоцаше, горе лево во слабината валгда се вика. Осеќав и некое тегнење во мускулите. Ама ме фати некој страв да не желудникот, секако белиот леб ми ствара тегови, од кога ќе го исфрлав, ама преморена коа ќе осетам глад, земам шо ми е најлесно. И така бидејќи вчера тешко дишев, денес со овенси снегулки за доручек. Менито испланирано, се надевам во Дневно мени на трудници ќе постирам мени шо ќе изгледа нормално, а не ко за целото семејство. @eli25 коа ќе ти го прочитам менито и ова протеинско, она протеинско, се осеќам ко да сум на режимот на Ана Стојанова и ми ствараш грижа на совест колку здраво се храниш. И еве од денес ме мотивираш да внимавам хаха.
Јас уште не сум испитала, а ноќе имам потреба да лапнам некое бомбонче чоколадно. Ме замисли, секако иде недела 24 да одам да испитам деновиве. Каде испитувавте останатите, со упут или без?
Може да е може не, мораш да се јавиш на лекар. Горе долу ,сите сме имале на почеток.Ти треба терапија .
Јас со првото и внимавав и здраво се хранев и пак се напрајв како мечка дека цело време лежев. Сега освен за желудникот што ме боли и избегавам леб ( а ко ќе ми е арно незнам колку јадам) незнам како е можно за 8дена +1кг или вагата не ми чини или не сум нормална и ќе морам на режим
Без упат, во Синлаб без закажување отидов сабота работат си испитав, може и со упат ама мора со закажување и во Авицена е исто може со упат ама само во понеделник, другите денови треба да се јавиш да закажеш...
Сите Јас имав на почеток многу често. Заклучив дека ми беше бидејќи ги пиев пренаталните витамини и магнезиумот на гладно сабајле, а јакички се. Кога почнав да ги пијам после доручек ми се смири стомакот. Ама мислам дека е нормална појава, барем што читам тука на форумов
А каков пробиотик користеше, јас зедов линекс пишува дека може 2 апчиња 3пати на ден, но мене ме е страв па вчера испив 2х1 апче ама некако не ми делува
И мене ме фати откако почнав да пијам магнезиум и фолна. Ме фака паника бидејки веке 4 ден сум таква, а немам болки во стомакот.
Од тоа ти е најверојатно. Пробај да ги пиеш покасно во текот на денот и после убав оброк А магнезиумот (директ најчесто прави такви проблеми) можеш да пробаш навечер пред спиење, јас така правам.
Мешиња, откако ќе чујам срценце во 6та недела, се оди после тоа на уште еден преглед или дирекно на скрининг од 11та недела? Ќе ве отепам сега со прашања знам, прва бременост и све ми е ново, извинете.
Мене матичната ми рече и во 8ма недела, прво бев во 6та, слушнавме срценце, па во 8 ми рече да одам и потоа 12та за скрининг бев.
Ако нема срцева акција во 6та недела, ќе ти презакажат за две недели, обичен преглед. Не се паничи, ако тоа се случи, јас чекав да влезам во 8 недела и се си помина во најдобар ред. Понатака, во договор со гинекологот, ќе ти биде кажано, кога да дојдеш. Обично, по еден месец од последниот преглед.
Ви благодарам многу за брзите одговори мамички, само нека биди сè во ред, на прегледи ќе се оди колку и да треба.
Кој магнезиум го земаш? Од фолната не би требало воопшто да прави проблем. Обично магнезиум директ дава такви резултати. Кај мене беше исто, додека да сфатам дека магнезиумиот ми прави проблем. Го сменив со оној на Jamieson и се смири столицата, а сум презадоволна од истиот.