Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.612
    Мене матичниот не ми рече да правам се до 29та недела кога видовме на ехо дека плодот е понапреден за 1 недела . Бидејќи нели обично доколку мајката има гестациски дијабет децата се раѓаат со поголема тежина,што и немора да значи. Не го прават сите , ама пожелно е. Мада јас дента кога испитував шеќерот ми беше малце покачен, после тоа други денови мерев после внесување шеќери ми беше нормален. Така да не знам и што е правилно,сепак внес на толку големо количество гликоза наеднаш :?:
     
    На Bibi_23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Крвна слика 3 дена после пораѓај.
    Од тогаш се поминати уште 6 дена. Јас имам вртоглавици и ми се мати видот ми доаѓа како да ќе се онесвестам
    Дали на некој му се случува истово? од што може да е ?
     

    Прикачени фајлови:

  3. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.290
    Допаѓања:
    4.949
    Пол:
    Женски
    Беше ли на ехо на гинеколог?Оди да те видат,да не имаш остатоци од плацента.
     
  4. Forbidden

    Forbidden Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    178

    И јас се изначитав дека било многу гадно, па отидов со страв и на крај испадна дека не ми слоши од гликозата воопшто (инаку не сакам шеќер), без проблем го испив. Правев во Авицена Тафталиџе, смесата беше хомогена, немаше грутки и местото беше пријатно за чекање.
    Најверојатно индивидуално искуство е, не мора да значи дека нема да пројдеш океј. Земи си слушалки ќе ти пројде времето побрзо.




    Кај мене исто беше детектирана циста / водичка во 21 недела на вториот скрининг. Во 32 недела ја немаше. Обично ако не е голема и нема повеќе цисти викаат дека не е страшно и се повлекува сама, но ако ти е во мисла отиди кај друг лекар.
     
    Последна измена: 12 април 2022
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Колку години имаш?

    Скриен шеќер се испитува над 26год или по индикација.
    Читам некои советуваат, направи си го за да си мирна ама колку што може да ви даде мир толку и не е безопасен. Не е претерано штетно, ама не е ни занемарливо оптеретувањето што му го прави на панкреасот па ако нема индикација да се прави, послушајте си го докторот :)
    Мене ми е втора бременост, во првата немав скриен шеќер (правев испитување), а во вторава исто нема индикации па матичната ме советуваше само да испитам гликолизиран хемоглобин, па ако таму вредноста ми е над 6.5, тогаш да испитам и скриен. Во спротивно, ми рече нема потреба, еден панкреас е за цел живот :)
     
    На Saf му/ѝ се допаѓа ова.
  6. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Ми рече додека течело крв немало потреба да идам на ехо. Кога ќе престанело тогаш
     
  7. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Незнам само ја ли сум. 28ма недела сум луѓе мои многу спијам незнам дали е нормално ова 3 4 пати во денот плус вечерта што си спијам. А до пред некое време имав проблем што не можев да спијам. Ама сегааа... цел ден можам
     
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.700
    Допаѓања:
    121.883
    Пол:
    Женски
    Провери го железото и хемоглобинот.
     
  9. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Пијам Хеферол по една капсула на ден со витамин ц, намалени беа пред 10 дена, сеа ако уште допаднале сум завршила работа.
     
  10. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.508
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Еднаш прашав по форумов ама не добив одговор па да си ја пробам среќата пак. Сега ја терам 23 недела и десната рака под лактот кон дланката постојано ми се грчи, ме боли, ми трни повремено. Ги пиев до пред 3-4 дена дабростонот и прочитав дека може да е и од нив, ама еве веќе неколку дена како не ги пијам денеска пак поизразено ме боли/стега раката, незнам ни самата како да опишам.
    Консултирано со доктор ама некако мн ми се лабави као ништо не ти е ќе помине, ама мене баш ме плаши веќе.
    Дали можеби на некоја од вас и се случило вакво нешто или каде да се обратам совет ако може, зошто стварно незнам веќе што да правам
     
  11. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Напрај крвна слика и барај и витамини да испиташ!
     
  12. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.508
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Крвна слика правев, подобра во живот не ми била мислам. Кои витамини да ги испитам?
     
  13. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Калциум,натриум и магнезиум и вит. Д
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. демотивирана

    демотивирана Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2021
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Да јас имав таков проблем посебно на делот на зглобот на шаката некогаш боли и како растегнување. Мислам дека го викаат карпал тунел синдром. Истата болка некогаш е од лактот до прстите трне и посебно ми беа зафатени палец показалец и среден прст. За сега има 1 месец болката ја немам ама трнење то е останато. Мачкам Волтарен емул гел по потреба и доста ми помага од 2ро 3то мачкање е подруго више.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.508
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    На демотивирана и Arababy им се допаѓа ова.
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.290
    Допаѓања:
    4.949
    Пол:
    Женски
    Абдоменално можат да те видат.Оди во болница нема да те вратат.
     
  17. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Ке издржиме:*
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    А дали е нормално ете некој ден тече некој ден не денес крв темна ми тече
     
  19. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.290
    Допаѓања:
    4.949
    Пол:
    Женски
    Крварењето нема врска со тоа како се чуствуваш,можеш да крвариш повеќе од 1 месец по породување,тоа се чисти организмот,ама ме чудиш што не ти е добро а не одиш да провериш.Треба да те видат на ехо додека не е доцна.
     
    На stsmua05 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.612
    Јас би инсистирала да одам,да не те плашам ама ете мајка ми и заборавиле парче плацента, исто вртоглавици , почнала да развива и симптоми на сепса ако не отишла можело да биде фатално. Така да пораѓајот не е едноставна работа и да не е тоа можеби е нешто друго,бидејќи крвта ти е супер не би требало да ти е поради тоа.