Смее ли наклофен дуо да се пие во бременост,мн ме боли кичмата,крстот,ми се плаче од болка,џабе ке пијам парацетамол нема да ми помогне.Или локално дали може да се намачкан маст блок маст?
Како стоите со градите? Не можам да се гледам ко крава сум се напраила, јесте да и претходно имав големи ама сега... а тек 6ти месец сум. плус така слабичка само стомак и гради сум неубоо изгледа ...
Јас слаба сум и кога почнаа првите 3 месеци да ми растат... Сега 5ти месец два броја поголем градник ми треба, па среќа веќе што не ме болат, а да и јас така сум слаба и само гради и стомак.
Јас се израдував што пораснаа број, број ипол ама не се израдував на стриите и големите ареоли, ич не се секси бре Читам по нетов, нема шанси да се обели и смали тој дел и ми падна мака...
Кој стручен ти го кажа тоа? Ја бев на две ехо прегледи од како се породив да се утврди дали има остатоци од плацента.
6ти месец, а ги мачкав од 1 ден, а и претходно си користев лосиони и масла... Претпоставувам дека најтенка кожата
Ареолите ? Е нема да се смалат. И стварно ич не се секси. Чак и грди се Мала работа ми пораснаа градите, ама сепак ми се мали.
Се чудам како на познативе трудници бре ништо нема, дури и на инфлуенсерки, на какви ли третмани одат... Не оти шетаат со голи гради ама со проѕирни маички одат...ова темното преку секоја маица (освен црна) ми се познава кога не носам прслук по дома
Девојки како се справувате со главоболки веќе 2 недели секој ден имам главоболки, од времево ли е од што ли е незнам, со парацетамол не ми поминуваат. Притисок нормален имам, претходно 90/60 ми беше сега дури 120/70. Полудечу
Здраво Бремена сум 20та недела и имам болки во кичмата т.е долу во крстот и во препони. Нели е многу рано за вакви болки? Кога бев бремена со првото вакви болки имав во 8 и 9 месец.
Леле ме изнасмеа, како јас да сум го пишала ова Иста сум и јас ко крава, имав големи гради сега ми се уште поголеми, се надевам ќе се смалат јас од четврток влегувам во 5ти месец, зарем уште ќе ми растат ?
Девојки има ли уште некој што се плаши да оди на работа, сега откако дозволија без маски? Кај мене и пред тоа ретко кој носеше сега само секаде одат и на ручек во кафаните и секаде шетаат, а јас се тресам... Колку важи тестот за корона земен за пораѓај секаде по клиниките, имаме ли информација