Ти рече некок да одиш на преглед или ти сакаше? Мене на картонот од болница ми пишаа за 6 недели да одам, и патронажната исто ми рече. Се јавив во ординацијата и ми рекоа ако немам некаков проблем после 6 недели да одам. Ме замисли сега Инаку кога ја извадија плацентата кажаа дека е цела, може затоа
Дада пошто ме чистеја имав остатоци при пораѓај и морав да одам на преглед да се потврди дека нема веќе ништо бев кај матичната и у Чаир , штом ти кажале така и се осеќаш нормално нема потреба да одиш сега. Ама на членката советот е катастрофа плус со симптомите што ги има ..
Кога сме веќе кај јадење, дојдов само да ви кажам дека само што се најадов убаво 3 рибанчиња намачкани со ајварче и малку сиренце си каснав. И уште ми се јаде . Многу . Ми се иде цел фрижидер да го преметнам и сè да олапам. Вака како што почнав, што ќе правам цели 9 месеци?! Инаку, бременоста ја почнав со 60кг, а со колку ќе ја завршам, јој боже.
Јас имам друг проблем сега. Ми се намалија мачнините скоро целосно, освен некогаш насабајле, ама ми остана некој вкус во устата што не поминува со ништо и не можам да го опишам. После секое јадење го имам, после миење заби, ментол бомбони, константно буквално. Не знам што да правам веќе, сношти со 3% хидроген правев гаргара од очајна што сум, мислев да не е од крајниците. Има некоја со ваков проблем?
Јасссс Некој одвратен вкус имам, цело време. Не знам од што ми е вака, никогаш претходно сум немала ваков вкус
Дали осеќате чудно тегнење на стомакот, во делот под ребрата? Кожата ми е ептен оптегната, ама и внатрешно боли. Валгда се шири стомаков ?
И јас имав таков вкус во устата. Долго време мака мачев. Без разлика што и да јадев. И многу плунка ми се лачеше и само си плукав. Ама фала богу ми помина немам веќе. Стварно беше грозно. Сега гаден вкус имам кога го пијам флорадикс сирупот. Како метал да имам во уста. Ама тоа е нормслно,пошто за железо е.
Не се сеќавам точно ама некаде брзо после завршувањето на мачнините. И вкусот и плунката се повлекоа. Мачнините до кај 16 недела ги имав.
Слободно може да се прави киретажа и дренажа на непца во бременост, никакви хемикалии не се употребуваат.
И мене ми дренираа заб во бременоста. Негде 12-13 та недела бев @Nikolina35 не се мачи болка да трпиш
А пескарење и чистење забен камен? Мене самиот стоматолог ми рече тоа да го направам после прво тромесечие, превентивно. Јас немав проблем ама го правам редовно а тоа оди како пакет, можеби затоа ми рекле така. Инаку воспалено непце дома сама средувам, со интрадентални, конец, флосер… еден куп крв вадам секоја недела, ама уште пред да ме здоболи.