Кај мене ако легнам налево силно ме мава во слабината. Не знам дали не и одговара таму или посилно се осеќа на таа страна ако се нозете, последно така беше хоризонтално. @Kate Rina 93 баш ми е мило, уживај сега, а постелката ќе се крени веројатно рано е уште.
Ние трите мислам ист термин имаме. Мене ми е на заден и баш убаво си го осеќам. Потклоцнува, не гали, ама сеуште не го осеќам на рака преку стомак. Само еднаш ми се деси тоа.
@eli25 Во Бисер нема бутик за трудници... Бев кај матичниот, околу брисевите рече дека немало 32 недела, туку 35та, да се реагирало ако има нешто и за 9ти месец да ни бил "чист". Ве тераат ли многу месо да јадете докторите, и фалела ли на некоја мама протеин? Ме испокара по крвна слика, ми требало повеќе протеин... И, мама @Ljubova до каде е?
Јас сум 21ва и на преден ѕид ми е, ама ко ќе клоцне све се осеќа. И со рака мм осеќа увек дека го клоца, само што увек многу ниско ја осеќам баш доле кај матката. Денес сабајле прв пат срамежливо осетив под папокот.
Секогаш кога правам крвна слика секогаш ми велат да јадам повеќе месо, а јас од едно парче повеќе не можам. Одбивно ми стана месото и со сила го јадам. Досега крвната слика ми беше супер, за овој месец ќе видиме.
Секогаш. И со првото и сега. Јас си сакам мевце, убаво динстано, ама порано поише мерак ми праеше со винце и слично Ама свинско сега не јадам, стек не обожавам,телешко еднаш неделно.
До пред 2,3 дена само нежни движења осеќав, сега стана поактивно. И мм со рака осеќа дека го клоца. Претходно многу ниско го осеќав, или во некое ќоше кога ќе се пикне само таму го осеќам. А сега почнав насекаде да го осеќам и околу папок. Ама обично навечер пред спиење, преку ден не е нешто активна.
Не само месо, јади и многу леќа, јаткасти и јајцики. Месото не се трпи. И пиј вода накај 3 литра. Туку брисевите во 35та се земаат со спекулум или само од надвор?
Ај и јас да си кажам околу клоцањето денски активни 100 на саат ноќе мислам бетер ќе легнам на десна страна клоца мава тоа бебе, ќе се завртам на лево ајде продолжува брат му со клоцање... Е како да спијам на грб ме гушат веќе а и боли кичма. И така јас на секој саат си се будам и по два саата си дремам дур да ме фати сон, жива ненаспана сум
Мене ме интересира како да се решам од спиење на грб. Цел живот кога ќе легнев на грб у сон се будам одма, сега послатко спиење од тоа нема. Се вртам на лева страна со сила, ќе се разбудам на грб оптегната. Читам не било добро да се спие на грб, ама не знам дали има последици по бебето? Ако не е страшно барем да не се мучам да спијам како можам и така едвај 8 сати крпам на ден.
12та недела сум и немам воопшто апетит за јадење и предходно немав ама сега катастрофа...Почнав и да слабеам (а имав само 50кг).Како ви беше вас во првото тромесечие?
Исто. Додека не ми се намалија мачнините. Јадев една корка леб цел ден . Ужасно ми беше. После 16та недела се среди.
Во Павиа шо убави маички зедов по 450 ден. Чисто да споделам, да не се лажете од трудничките Мешиња бев на трансфузија .Правев и крвна група и резултатот го пратиле нели кај матичната но таму ги нема вредностите на хемостаза како порано , туку само пишува да продолжам со терапија. Незнам да отидам дали ќе ми ги дадат или пак заедно со крвната група?