Која недела си Ерика? Јас ја осеќам, ама дали сум ептен активна преку ден па не сум 100% сконцентрирана на ударите.
23та мила. Па и јас преку ден послабо ја осеќам. Најчесто пред спиење. Деновиве почнав да осеќам и некое ново чуство, најверојатно се врти пошто осеќам како кожава да ми се тегне.
27+ близначка бременост. Веќе месец дена сум со вакви болки. На секој поинтензивен напад паничам дека еве готово ќе се породам. Ноќеска два пати ме разбудија многу силни болки што ги снема за неколку минути откако сменив положба на лежење. Ама цел ден сум во грч. Пијам 3×500 магнезиум и голем дел од времето лежам. Веројатно е нормално штом на контрола ни викаат дека се е во ред. Ама страшно е, знам...
А каде купувате градници за доење? Морам веќе да си купам некој покомптен, па веќе кога зимам нека биде за доење и онака при крај сум
Парацетамол,мојот гинеколог дозволува и Аналгин Јас цел месец бев со страшни главоболки,ми ставаа мускулно инекции нифлам и диезапам.Гинекологот на болница ми рече дека при голема болка се пие и кетонал.ова кажувам за трето тримесечие
Во Сарафешн имаат убави на NBB, цената им е 490, а јас претходната недела зедов со попустот за 270, супер е. Ми кажаа дека и Стружанка имале убави, во план сум и и од таму еден да земам
Во 11та недела сум а веќе чуствувам кога ќе се исправам како оптегнатост во стомакот, незнам како да опишам.. не е многу рано? Инаку наредна недела сум за испитувањава за прв скрининг и приска, ме фаќаат паники .. дај боже се да е во ред..си го сакам премногу форумов, ама некогаш премногу негативно ми влијај кога ќе прочитам за спонтани и слично..