Читај само тоа што ти одговара. Овде има различни приказни, наше е само да црпиме и даваме позитива и поддршка еден на друг. А за оптегнатоста и јас ја имам, прашав доктор нормално било затоа што ни се шири стомакот сега. Опушти се и уживај во бременоста
Дали е ок и нормално бебе денес да ми е по мрзливо во движењата? Кога ќе ја буцнам тука е, враќа, ама за разлика од вчера ми се движи по малку. 32+2 сум.
И мене некој денови ми е така,додека не го чепнам не ми мрда. А и денес приметив дека некој движења не ги осеќам, случајно гледав во стомак и се движеше а ја не осеќам. Може дека постелка на преден ѕид па затоа. И кога ќе легнам на страна веќе не го осеќам,само на грб . Не знам зошто 33 + сум инаку.
Јас сум 14 и уште користам, од 5та недела. Некој користи и цела бременост. Мене матичниот ми кажа на последната контрола ке продолжиме уште со утрогестанот, а некако и помирна сум што го примам..
До која недела сте користеле утрогестан? Јас 22 недела сум уште ги користам превентивно само ми рече,ама не знам до кога ке треба да ги примам пошто како да сум прочитела некаде дека после некоја недела немат многу ефект,ама штом ми рече докторката да ги продолжам значи дека не е така,само ме интересира од прилика до кога се користат
Многу е индивидуално, повеќето ги користат до кај 20 недела, но многу продолжуваат и до мн покасно. Мислам дека нема штета да се користат. Ке чекаме наредни инструкции
И еве ме мене пак во ниедно време. Мака мачам скоро цела вечер од ко заспав во 11 часот не спиев мирно до сега мислев ништо не е. Во сон ме буди болка, притисок незнам како да опишам повеќе е како притисок во долниот дел на стомакот мислам дека е во дебелото црево, такво чувство имам. Чувството е слично како кога мнооогу ти се моча во бременост, а имаш доста време чувано во себе. Пробав да станам да идам да се измокрам, како што седнував и се исправав мислев дека ќе ми пукне балон внатре толкав притисок. Станав бев во тоалет и истиот притисок го осетив додека не почна да тече урина па осетив нормализирање и ослободување. Супер викам може тоа било, си легнав пак и пак истото не како претходно ама пак истото чувство одвреме на време не е константно. Дали сте се соочиле со нешто слично. 28ма недела сум со серклаж на строг bed rest,иначе до сега ќе трчав на лекар без да пишувам тука.
Ми правеа ехо после пораѓај ама само на стомак рече кога ќе сум престанела да крварам тогаш вагинално
Вчера бев докај матичниот успеав да ми закаже за д-димери и крвна група, ќе испитам во вторник, а во среда пак скриен шеќер. Го видов и бебенцето тежи 1080гр да не е малку за 27ма недела или таман е? Го прашав матичниот одговара ли за неделата ми рече да и дека неколку дена е понапредно. Го прашав и за полот, во ск ми кажаа женско па сакав и тој да ми потврди бидејќи некој црв одвнатре ме јадеше да не е машко, ама сепак девојче е.
Сеуште не миличка, 4+5 сум. После празниците планирам да закажам за срценце, таман ќе бидам 6+ недела, едвај чекам. Ти која недела слушна срценце, се надевам нема да сум рано?
И јас утрово си го видов бебушот. Отидов за брисеви ама срце не издржа му реков да направи и едно ехо. Скоро 2,5 кг е, со главчето надоле си е свртено, отвараше уста, се прозеваше, се чепкаше со рачето, срцето ми се стопи
Здраво мешиња ние сме 7+1 и вчера слушнавме срценце Е сеа од денес почна да ме фаќа грлово и носот ми е затнат.. Претходно и во 4та недела ме фати вака ама само грлото и ми даде докторката Пантенол и ми помина. Кажете некој спреј за нос што ви помогнал на вас (знам дека смее само на база со морска вода) ама незнам кој да го земам . Фала однапред позз
Прегледот денес траеше пола мин. Тотално незадоволна сум. Џабе се измалтертирав денес. Што е работата ме прашува . И објаснувам и кажувам што ми рекла матичната, таа само потврдуваше ,аха да, така е. Да, еве имаш мало хематомче. Да се движам по малку може? Па можее, ако се движиш наеднаш ќе ти истече хематомот, ако лежиш ,постепено ќе тече.. Кажувам матичната рече скали да избегнувам.. е да, па така е, немој по скали многу, малку движи се.. Да се видиме за скрининг дојди кај мене тогаш ќе те гледам подетално. И толку. Арно го виде и хематомот. Само еднаш со ехото помина на стомакот и толку.