Не се контракции си ги знам више ги распознавам ги имам од второ тромесечие. Не се слушнав зашто се смири напнатоста некако за сега, си викам бебето дане ме притискало лошо, појма немам, ако ме фати пак, ќе отидам и на доктор морам.
Може да те притиска бебчето. И јас некогаш имам такви маки од кога влегов во трет триместар. Мислам како слон да ми седи на бешика па некој чудни болки во цервикс наеднаш, притисоци, денес баш бев на ехо со главата е скроз доле и ми стана јасно . А исто ми се случува и ако имам констипација таков притисок осеќам доле.
Кај Даниела на Ј се презиваше.. заборавив како и беше презимето. На државна. Ми рече матичната таа е повеќе за вака ризични бремености, ме интересира нејзино мислење . @fana Не знам што да речам. Тој специјалистот од Тетово што ме пораѓаше, што одам кај него одвреме навреме на прегледи испадна подобар од докторкава. Како може доктор свое мислење да нема. Па логички сега веќе е мал хематом, не може да постои иста опасност како на почеток. Тотално разочарана сум. Уште ми вика скрининг кај неа. Аха да. Ќе ме види мало сутра
Искрено веќе не ми се ни оди до ск. Да се мислам на која нога се станати докториве.. Бебето не го ни виде. Големо е, мрда ми рече Знам дека мрда осеќам
Јас одам кај Данева на скрининзи ,фина е ,смирена ама не посветува баш многу внимание 5 минути ,се е добро и готово. Можеби другите имаат различно искуство.
Да баш такво е чувството, ама ќе се завртам ќе помине и пак исто неколкупати и се изпаничив. Фала ти многу.
Не ми посвети ни мене. Мислам може таа виде се што требаше да се види ама мене ништо не ми кажа. Ако не ја прашав дали се е ок, немаше ништо да ми каже мислам.
Даниела Јованова е Докторката 100 посто, работела на клиника, па во систина и се вратила на клиника. Мене ми се погоди дежурна кога имав спонтан во 5ти месец во систина, ја болки до безсознание, истоштена, трески ме тресеа, она ми вика е добро де што викаш толку,полека.
Изгледа на Клиника сите се такви, камо среќа увек и кај сите да е со ОК тогаш и нека не објаснуваат. И јас имам исто искуство од таму, освен се е ОК за пола час преглед за скрининг и што ме пушти да прошетам за да го види убаво лицето тоа е тоа. Секако се осеќав ко на испит и тоа ОК ми беше доволно, ама не е лошо да се објасни барем нешто од тоа што го гледаат чисто да те опуштат.
Е да, баш таа. Во систина има работено. Ептен беше искулирана и не се замараше.. Немам коментар. Ама на скрининг што ќе одам кај неа.. Нема шанса.
Докторката мие таков одвратен лик застанат во времето. Доаѓаше кај цимерката во соба поладна особа во живот немам видено. Ана Данева, Симеонова, Самарџиски, Ливринова. Тие се доктори кои се посветени на високоризични бремености. Самарџиски е началник на Пин.
Катерина, во која амбуланта беше? И јас бев исто ужасно поминав. Здраво мешиња, се пуштам 3 пати од сабајле да пишам. Кој стрес значи денес, толку ме изнервираа. Во 8 и 30 бев на ГАК, за терапија за димери, 1900 димерите, скратени тромбински време и активирано парцијално, плус длабока венска тромбоза во семејство, и вадам документ као з ана контрола шо идам стално ми бара таа термин. Викам каков термин, доаѓам за терапија само итно. Ајде извадив приоритет упут на нејзино барање и чекам. ПРед мене влегоа 4-5 девојки, може некој ќе се пронајде, ама стварно не беше фер. Кочовски дојде си донесе 2 девојки на ехо, шалтерската работничка за истории отварање си донесе една, друга докторка си донесе една, сестра трета четврта пета... Влегов во 10 и 30, за да ме види кратко докторката и ми вика ти не си за клексани, кој нормален ти ја дава оваа терапија од јануари до сеа. Абе викам докторке вие сте прва што вика дека не треба клексан. Ми препиша терапија за 30 дена клексани и ме испрати со зборовите: Ти давам терапија затоа што ти инсистираш. И викам на докторката стомакот ми е многу тврд, се стврднува наутро и по цели денови ми стои. Па незнам, мене нормален ми личи. Се консултирав со матичната, се разбравме што како, што да примам што не итн. Сеа нема нигде клексани хахах.
@Kate Rina 93 исто за ризични бремености е Др. Арта Бина, иста им е специјалноста со Даниела, само женава е многу многу фина и љубезна. Исто стручна како другава. Прашував бидејќи сакам кај неа да се пораѓам, а ми правеше и втор скрининг. Немам зборови сега за сега од неа.
Да, точно не се замара и јас имам таков впечаток. Не не иди си кај друг. На клиника не сум била меѓутоа многу ми ја фалат Др Весна Ливринова, колку е точно незнам.
26+3 сеуште користам. Со тоа што до 17та недела по 3 дневно, сега по 2 само навечер. Матичната ми кажа дека не е штета и дека претходно практика бил да го даваат до 3ти месец од бременоста, но сега го примале и до 9ти..а од причина што сум со близначка бременост претпоставувам ќе го користам до крај.