Пробај да земеш Смекта за повраќање, помагаат дозволени се во бременост и не се скапи, јас прв пат ги земав кога имав стомачен вирус во бременост за да не повраќам и нон стоп имам на залиха, ако во случај имам мачнини или повраќам, до послена капка се што сум изела и испила обавезно земам Смекта, се раствара во вода и се пие полека не одеднаш и го ублажува повраќањето, баш откако ми помина стомачниот вирус сеуште имав намален имунитет и насабајле имав мачнини станував и повраќав и мислам дека ме врати во живот тоа и кока колата исто или минерална вода обична без вкусови убаво ме освежуваше
Ајдеее наздравје и притисок качив 145 со 90. Што друго која компликација може да се јави во бременост? Прашувам за да бидам спремна, како што ми тргнало... не е за смеење работава али више незнам како да реагирам.
Тука сум одма до аптека и бев да побарам, таа ми вика што ќе ти е Смекта, тоа е за пролив... Зедов тоа ајде вљда ќе ми помогне, башка и за солената цена што ја има..
Ај добар ден Денес изгледа сите сме биле на преглед. Јас проверив д димери малце сосема беа покачени, на граница. Матичниот ми рече за 23 недела се супер, сега само превентивно аспирин да пијам еднаш на два дена. Времињата се ок. Бебе напредува супер, тежи 570гр Паничев денес ич не сум го осетила бебево му велам што праи арно е, матичниот се смее вика спие ужива .
Дали има некој проблем како мојов? После пораѓај истоштеност секој дневна, вртоглавици, болки во вратот и главата, тешка глава, потслошување, зашеметеност? и бледа сум во лицето
Леле. Да ти кажам цело време те читам и мислам штoм влезеш во безбедна зона и се породиш дури и мене ќе ми олесни
Оди на преглед, нека ти направат пак крвна слика целосно, на ехо да те видат, притисок, се што треба. Природно се породи или царски?
Природно, бев на преглед вчера само ехо на стомак ми направи рече дека кога ќе сум престанела да крварам тогаш вагинално ќе направеле а вака како што гледала добро било се. Притисок си мерам дома се поткачува до 130 90 и пулс 120, 130 Не цело време ама се поткачува
Одговорот беше дека сум истоштена од самиот пораѓај од проливот што го имав од неспиење не јадење и дехидрираност
Дали ве болат стапалава поточно доле табаните? Не знам дали дека почнав да качувам тежина по малку, ама баш како слон да чекори по ламинатов( а слаба сум). И многу брзо се заморувам.
Можеби е во право, ама барај уште едно мислење да си раат. Јас не се сеќавам после царскиот како се осеќав, општо знам лошо ми беше.
Пробај со електролити, да не ти е дехидриран организмот. Колку што се сеќавам крвната слика ти беше добра,освен железото малце намалено. Ама пак како и да е барај повеќе мислења, биди упорна.