Вчера докторот ми рече да мерам на 4 саати мерев дури сабајле во 8 саатот падна на 120 со 80,па и денес мерам и ќе му кажам. За сега е добар.
Дали на некоја и рекле да провери тсх?Вчера бев на ендокринолог за шеќерот и ме гледа докторката вика како вратот да е задебелен ај ехо ама ехото супер, нити зголемена нити промени имаше ама вика ај чисто онака направи едно тсх. Се прави од “чисто онака” тсх ?
Јас проверував тсх и фт4 поради покачен притисок. Па после ради тоа што осеќав како да се гушам. Исто и ехо ми правеа на тироидна.
Провери си, ништо страшно. Јас немам никакви симптоми, а и на ехо ми е стакло тироидната ама ТСХ ми варираше и ми дадоа Еутирокс од 25мг, а сега во бременоста малце ми изменија и во дозата односно покачија. Секој месец проверувам ТСХ и ФТ4 и праќам на ендокринологот за да следиме.
За трудници и тироидна само Др Синиша Стојаноски никој друг, 3 години ми викаа во ред дека е, а уствари не била.
Мене ми беше ок. А и ми рече да не одам во бременоста освен ако морам нешто, туку да и праќам резултати и таа ми кажува што како. Може некој ќе ти каже друг ендокринолог каде што има добро искуство
Мешиња како се резултативе? За кај матичната ми се , бета не треба да се испита пред првиов скрининг?
Јас бев за шеќерот и некако од прва падна кога вадеше ливче за да види кои вредности се за трудници. Матичниот гинеколог знаеше , она не, некако чудно . После за храната ми рече да не мерам лебни единици , ми даде диета која ми нема логика ич. И ми рече да мерам шеќер неколку дена , ако ми е покачен ќе ме стаи на терапија. Се консултирав веднаш со др. од клиника , бидејќи се изнервирав многу , он ми кажа подруго. За други работи може е ОК , а вака фина женава.