И мене на ехо ми беше добра, ама во фамилија имам хипотироидизам па докторот сакаше да се осигура дека се е океј, па испитав.. Ми беше малку намален тсх, на долна граница, и ми даде терапија. На бебињата им е многу важен тсх и ако го нема доволно може да доведе до проблеми во развој понатаму во животот (кретенизам пример). А и скоро секоја втора жена има проблем со тироидна, па штом ти рекле да испиташ јас би те советувала да отидеш
Девојки, кога прв кога прв пат го осетивте бебенцето? Јас сум 18 недела, два дена имам чувство како да имам внатрешни гасови, но само на едно место, десната страна на папокот.
20 недела сум, до вчера осеќав удари и мрдање во линија со папокот или нешто под ама денес цел ден мрда многу ниско, имам и болка кај бешиката ко ќе удира таму. Дали е нормално или не треба толку ниско да е?
Затоа што мајка ми имаше два спонтани од тироидната поради хипо хашимото. Имам и јас хашимото без хипо/хипер функција.
Не знам веќе дали е до мене или нормално е ова. Стално некои чудни болки, нелагодност, по некое истегање осеќам. Не се сеќавам толку рано вака да се осеќав во првата бременост. Како да знам кога е за на лекар? Прееска жими се осеќав како вагината да ми се шири, па некое стегање во левата слабина. Аман веќе, нека летне времето.
Јас редовно испитувам. Тсх секогаш ми било во граници на нормала ама тоа нормално не било нормално за забременување па почнав еутирокс и така забременав. После во бременост почна тсх да расте па го контролираме со терапија, бидејќи требало вредноста да биде околу 2. Така што јас на месечно ниво испитувам и според тоа менуваме терапија. Во фамилијата немаме историја со заболување на тироидна а и на ехо е се ок.
Океј дечки , јас имам едно признание... Знам дека после ова многумина лд вас ке ме осудуваат и океј е ,ама јас морам тука да пишам за да си олеснам... Пушач сум 15 години. Пушев по кутија и пол на ден. Од денот кога дознав дека сум бремена...пробувам да ги оставам скроз ама многу ми е тешко. Се мразам себеси.... Значајно ги намалив ,до 5 максимум ама и тоа знам дека не е океј ...стварно сакам да ги оставам ама незнам зашто толку ми е тешко. Инаку, антидепресиви пиев 10 години и сега ги оставив за 1 недела....исто и кафето....сето ова ми е искрено шок. Толку ми е мачно...и некако најубав дел од денот ми е кога ке запалам цигараа....лошо е знам ,спремна сум за осуди...хелп...како да престанам . Утешете ме
И јас сум пушач, откако останав бремена од 1 кутија и повеќе на ден ги намалив на неколку цигари само со кафе, или после јадење, а како да ги откажеш скроз јас искрено кога ме тера да запалам цигара, или земам да ги грицкам нешто (сончоглед, семки, лешници) или земам некоја бонбона и така пробувам да не мислам на цигарата или ќе се заработам нешто и гледам што подалеку да се цигарите од мене и да прибам да не запалам цигара. Знам и јас ќе трпам осуди, ама барем тоа е напредок од страствен пушач успеав ем послаби цигари ем само неколку во денот да запалам....
@Misskirova знам колку е тешко да се остават антидепресиви, сигурно уште потешко во бременост. Огромно достигнување е тоа, а штом успеа сигурно ќе успееш и цигарите. Имам читано и дека не се препорачува нагло да престанеш, туку баш како што ги намалуваш. Има и трудни што пушат минимално цела бременост, ама најдобро колку што можеш да намалуваш и постепено да ги оставиш за твое добро и за добро на бебето. Најди си некој ритуал за тебе во денот што ќе ти замени време за кафе и цигара, пример капучино, топло чоколадо, чај, сладолед, или грицкај нешто ко ќе те фати криза. Мм така ги остави пред неколку години, јадеше сончоглед, семки, јатки, било што за да му се зафатени рацете и устата и да не мисли на цигара.
Nema vrska probiotikot so vitaminite, samo treba da go zemish koga si gladna , odnosno 2 saati pred ili posle jadenje ... ama dve nedeli vo kontinuitet ke se sredi stolicata ... pa posle po potreba
Јана, нормално е. Поминав низ тоа да мислам дека вагината ми се шири. Верувај имаше моменти кога мислев дека бебето ми излага и готово ќе покаже раче или ноџе низ вагина. Ја мислев втора бременост е полесна, а мачнини и повраќање овој пат ме убија до 24та недела, сега киселини ме гушат, гладна, сита нема врска. Искрено, не знам дали се порано почнува вториот пат или па сеа многу поише знаеме и приметуваме.. Од многу рано приметив овој пат и лажни контракции и колострум ми тече исто од прилично рано. За на лекар, ако те боли нешто и е интензивно. Се што чувствуваш се процеси низ кои телото минува и е нормално.
Ели мене матичниот општ ми испита тироидната и кога бев за целијакијата. И тоа во бременоста. Овде е како основен тест, на секоја кс го прегледуваат.
Еднаш годишно може да се провери и преку општ матичен. Да не се малтретираш по интернисти, ендокринолози.