Здраво женски незнам прашањево дали ми е за тука ... Малку сум во хаос со месеците и неделите 26+1 дали сум уште 6ти месец или сум влезена во 7ми
Мене цело време ми удира ниско, прашувам никој не реагира. Денес дури и векнаш над срамната коска 22 г.н.сум. Бебето на ехо е во хоризонтала на стомакот, сигурно е и ниско поставена ама никој не ми алармира до сега и се навикнав више. Као ќе се качело нагоре. Инаку и плацентата ми е на преден ѕид па ваљда и да удира погоре не ја осеќам толку како ниско кога ќе е. Мислам дека не треба да се грижиш, али можеш да отидеш да те видат чисто ако те јаде мисла.
Наредна недела сум на скрининг, ќе прашам секако. Во 17та бев на преглед ми рече високо е крената плацентата, исто хоризонтално беше и моето тогаш, ама сега се врти веројатно па некоја позиција има фатено што се осеќаат и долу ударите. Многу незгодно, само потскокнувам.
Оо мене кога ќе почне да ме клоца се смрзнувам, ако зборам со некој губам концентрација одма. Како вонземјанин ја осеќам Прекинувам се кога ќе се размрда, уште сега ме команда тек кога ќе се роди. Не знам што ќе правам после 7ми, ама читам дека тогаш нема да има многу место да толку активности.
Кога одите на ГАК за продолжување на боледување (патолошка) во која амбуланта одите? Јас минатиот месец бев прв пат, сестрата кај гинекологот ми кажа соба бр 32,не сум сигурна не ме држете за збор, а кога отидов на ГАК ми кажас да чекам во амбулантата за итни случаи... Сега планирам пак да одам за да го продолжам боледувањето, каде би требало да чекам???
Ммм е па не знам баш 7ми и еве веќе 8ми месец, баш се движи како никогаш до сега. Дење-ноќе, на сите страни удира
Не се успори барем малку? Јас баш денес читав некоја статија дека тогаш снемувале место и се успорувале. Ова повеќе беше статијава за да не се грижиме и кога да знаеме да реагираме околу мрдањата. Инаку сега ја осеќам како рипче со опашка ко ќе е на суво. И се радувам многу, да ми кажувал некој немаше да верувам. Дури сега се освестувам што се случува во мене.
Првото беше до крај баш активно бебе, баш ко вонземјанин ко ќе гледаш на стомак последните месеци. Ептен на крај може не се толку активни, ама 7ми- 8ми месец најмногу се осеќа, спреми се.
Мене некогаш ме удира скроз долу, под резот од царскиот, а на прегледпт докторот ми кажа дека не е ниско, а и јас мислев декс ниско го носам, но ете скроз нормално било.