Мене докторот ми рече немало нешто такво како ниско носење на бебе, и јас мислев така сите ми викаа леле ниско го носиш кога му кажав се изнасмеа.
Ниска постелка е вусшност. Вака јас знам, и како нема кога доста трудници и лежат ради ниска постелка.
А не знам дали сте го чуле муабетот дека женските се носат пониско од машките, па ако било женско стомакот и бил по доле. Мене тоа ниско, високо од овие бабски муабети ми е.
Каде тоа? Јас прашав кај мојата матична, ми рече не можела да ми даде упат за да ги испитам хормониве, а не ми ни спомна за оваа можност за еднаш годишно Ни гинекологот не можел да ми даде упат, и еве сега уште бркам некој од државна да ми го даде тој златен лист што сите го бараат, ама на крај изгледа ќе си оставам мало богатство на приватно
Освен ако не го смениле...пред неколку години знам дека можеше да се провери со упат од општ матичен лекар.
Ти верувам Истото го помислив денеска Ама стварно баш ширење осетив, си мислев до итна да одам ама што да речам, ми се шири вагината? Првата бременост баш трудница си бев, во кревет, одморена, нашетана. Сега ај што немам време, јас не знам како може толку внимание да обрнувам на ситници, дали повеќе се плашам, дали стварно телото повеќе знаци покажува. Не сум сама барем
И јас имам испитувано кога не бев трудна,со упат од матичен. Во Јане Сандански мислам испитував тироидни.
Аман бе, само мојава ли не може да ми даде за ништо друго освен за обична крвна слика? А ми имаат спомнато дека она како специјалист треба за се што е поврзано со бременоста да даде упат. Ме остави да се влечкам по кардиолози и интернисти што ни со врски не можеш да ги најдеш на државно…
Биди упорна, мора да ти даде. Како не и е срам бремена да те влечка по доктори кога со две стискања на компјутер може да ти издаде упат Некогаш се стварно безобразни
Матичен општ упат за тсх и т3 и т4 може да даде еднаш годишно ако веќе имате дијагноза хипо/хипер. Инаку не може.
Јас имам испитувано без дијагноза со упат од матичен во некоја поликлиника беше, со позитивна фамилијарна анамнеза за хипо. Така да зависи до матичниот.