Јас во 17 недела пиев аериус. Дозволено од повеќе доктори ми беше, кај мене се сврте на сува иритирачка кашлица. Самата кашлица повеќе проблем ми правеше од апчето. Со 3 аериуса ме смири и не ми се појави пак.
35+3 сум и последниве дена осекам дека снемувам сила. Одма се изморувам и ништо неможам да си сработам, и ако вака продолжам како ќе имам сила за пораѓај. Вторник сум на контрола, меѓутоа ме интересира дали и други има со слични симптоми.
Мамичкии ви се случува ли во втор триместар да се задишете и брзо да ви чука срцето а да сте немале некоја физичка активност? Нормално ли е ова?
Да нормално е ... Јас сум во лежење па ми забрзува срцето. Ама ќе помине ајде уште малце така се тешам
Пешачам и јас , ама сакав нешто плус да се истегнам , има јога кај мене во близина за трудници па се мислам да се запишам , имам дозвола од доктор .
Јас ке станам до кујна и толку,ми се темни одма,ке ми се затнат ушите,како пред онесвестување,и се задишувам.Веќе се ми е нормално,не обрнувам внимание.
Јас мислев само јас сум ваква која недела си? Многу брзо се задишувам. Самошто ќе излезам од дома одма задишана. Еве сега зедов малку прашина да избришам и креветот што го средив абе заморна без сила, како со последниот атом енергија.
Нормално е ваљда чим е кај сите Живеам во куќа на втор спрат, јазикот до колена откако ќе ги качам скалите (23) Али шо е тука е ќе издржиме
18+2 сум и дека прва бременост стварно не знам што е нормално што не е ама штом сите сме вака значи нормално е
Јас станувам до вц некој пат ми се дешава а за скали да не зборам Чудно ми беше дека не е секој пат така, некогаш и метам дома и чистам не се задишувам ама некој пат до вц да одам и задишана сум. Ќе се издржи секако само да е се во ред со нашите бебенца