Да, уште на почетокот ми рекоа дека ако прокрварам ќе ја примам веднаш, ако не ќе примам после 25та. Сега поради крварењето ја примав денес
Mene ne mi rekoa da ispituvam mutacii, a i jas pred transfer pocnav da se bockam i uste se bockam (30+5) a d-dimeri i hemostaza super se do sega. Ke prasam vo ponedelnik pa ke ti pisam ❤️
Јас со првото ја примив во 28 недела точно. Во 9та недела имав крварење ко твоето, ама никој не спомна рогам дека треба да примам тогаш.
Хмм немам појма дали моето или твоето искуство е правилно Во швајцарија сум, па валда во мк е друго. Ми рекоа нешто поради ризик од мешање на антигени од мојата крв и крвта на бебето доколку тоа е позитив. Ама ризикот е за втората бременост, не за оваа. Денес цел ден ми е укочена ногата и многу ме боли кога се движам. Ти во нога ја примаше?
Немаш уринарна инфекција, затоа немаш ни симптоми. Урината при инфекција е заматена, твојата е бистра, а тие леукоцити и бактерии што пишува плус таму се од некое секретче или нешто што со млазот влегло во примерокот. Примерок за бактериолошка анализа се зема различно од оној за хемиска и ова е некое надворешно загадување. Ако имаш правилно земено мокрача со претходна тоалета и среден млаз од урината, нема да пораснат бактерии. Иначе земај чај, земај вода, од тоа имаш само ќар, а маноза е ефективна исклучиво за ешерихија.
Жени, Ве читам тие што ви е проблем за упат за ТСХ , и било кој хормон ... јас сум со ин витро и од дамна следам хормони уште пред бременост... особено ТСХ... матичен гиниколог може3да ви даде упат за нив кај што ви одговара без проблем... тсх секој месец испитувам... упатче од кај гиникологот... ама не барајте од докторот туку кај сестрите...без проблем може... јас си земам за на клиничка биохемија и после му ги пракам на ендокринологот... ради терапијата... Било кој хормон можи да си испитате и тоа безплатно на клиничка... неможи да не ви дадат кај матичниот упат...
Фала ти мила за објаснувањето,јас од дома носев урина за уринокултура, а кога отидов таму ми дадоа стерилна чаша за обична анализа на урина.. Иначе исцедок имам како вода,кога се движам многу кога се шетам тогаш е погуст
Јас прв пат испитав пред 2 години, кога почна ковидот и кога сите еуфорично испитувавме се и сешто, и тоа по препорака на самиот матичен, по претходна најава дека во семејството имам хипо... Не знам сега како одат работите, но сепак мислам дека е и до матичните, не кај сите важат истите правила. Секој некако си работи на свој начин, исто и како гинеколозиве, некој наплаќа некој не, едни даваат упат за трансфузија други не и ред др работи... Само сепак мислам и дека ние самите ако сме добро информирани ( за што многу е од помош и форумов) пола работа ни е завршена.
Оние кои користите труднечки перници, како сте задоволни и од кај ги зедовте, препорака некоја? Деновиве ко колковите да ми се под притисок при спиење па размислувам дали да земам?
Денес само мене ми е лошо или ве има и други? Се разбудив и одма повратив,си реков ајде ќе јадам подобро ќе ми е ама ништо