Eve jas ne sum porodena a kolichka Imam kupeno ushte vo Januari.Vo transporter it povekje od DVa chasa ne smee da sedi bebeto....taka da samo za od bolnica zemanje I za vo kola....
Јас земав количка со транспортер ама воопшто не го возев во него, само за во кола го користевме. Во количка го возев во она легнатото како крошна (не ми текнува сега името). Кога се мали цело време спијат, се будат за јадење и пелена, кратко се будни и си презаспиваат. Сакав да му биде комотно, во транспортер нема таква комоција плус треба да се прават паузи секои два саати.
Некој да не сте имале покачен ALT ензим на крвната слика? Или и тоа е нормално и не се проверува во бременост? Додека да одам на преглед да ги види др. резултатите, да си прашам тука.
Јас ги земав од Зегин ГТЦ пред 1 недела, а имаше и од шумливите. Мислам @pamelche купи од Билна аптека Кисела вода? Има една билна аптека и на Водњанска на почетокот.
Јас 38 недели немав никаков симптом на уринарна инфекција, ни имаше леукоцити во урина, ни заматеност ни ништо, затоа никој никогаш не ме пушти на уринокултура плус имав други проблеми и сите се замараа со нив, на никого не му текна на една обична уринокултура да ме пушти, на крај да сум носела највероватно долго време ешерихија коли, и да ми се зарази бебето и да не пишувам натака да не плашам трудници...затоа на сите им советувам ако ништо друго кон крај на бременост да прават уринокултура почесто, ништо не ги кошта...или можеби дека јас сум изгорена па така размислувам...иначе 3 месеци после пораѓај уште ја имав бактеријата а ни тогаш немав никаков ни симптом ни ништо...да не ми се заразеше детето, немаше ни да знам дека ја имам и можеби уште ќе ја влечев
Мислам @pamelche купи од Билна аптека Кисела вода? Има една билна аптека и на Водњанска на почетокот.[/QUOTE] @pamelche ако си купила кажи ми која цена е ,или некоја друга ако знае
Јас секогаш кога ја носам урината им викам и уринокултура да направат. Така ми е кажано од доктор дека и урина и уринокултура се прави секој месец. За некои си 300 ден . да си раат . А и на секое имам + за бактерии а уринокултурата чиста што значи ќе треба да одам по два пати да носам урина кога ќе покаже +. А тоа ми е малтретирање затоа се вака одеднаш!
Прочитав тие што се во трето тромесечје треба да ги бројат движењата на бебето т.е клоцањето. Јас ја осеќам секој ден кога клоца морам ли да бројам колку пати ме има клоцнато? Или пак ако овој ден слабо ме клоца тогаш да бројам?
Ели да го имав сегашниов памет и јас ќе си правев секој месец...ама матичната ми даваше за обична урина и крв, симптоми никакви немав и никогаш не ми текна дека би можела да имам уринарна инфекција...на крај испадна што испадна важно помина ама не мораше да поминам низ тоа што поминав...затоа на сите што ми се блиски или вака ако можам да напишам на форум советувам да си прават редовно уринокултура, ништо не ги кошта,а барем ќе си се мирни
Не брои ништо, само ако го нема никаде да мрдне два дена иди да те видат. Тоа со броењето само тука го имам прочитано, ниеден доктор не ми рекол да бројам. Само ќе се паничиш без врска.
Јас искрено ниеднаш не сум броела,знам отприлика кога ми е најактивно и ако нешто мислам дека не мрда доволно ќе го чепнам и си враќа. Мислам нема потреба од броење удари,сите бебиња се различни.
Јас женски само јадам. Преслаба сум, знам дека е убаво што имам апетит ама ми здосади.. Пробувам грицки, овошје не ме заситува.. 3 пати доручкував. Ако со првото отидов со 65кг да се пораѓам, со ова 70 не ми бегаат.. којзнае на што ќе личам дека мала килажа сега имам
Од нешто друго ти се болките .. Со прст ипол не се осеќаат никакви болки до 3/4 прата негде и тоа слаби болки. Не значи дека ако си у 40та недела ќе раѓаш одма до 42-ра се чека. Можеби е инфекција некоја.
Блазесити, јас ништо не јадам,немам апетит ,34та недела почнав и да слабеам веќе. Ама 15 кг ставив од почеток до сега.
12 саати бев со јаки болки на 5 минути со 1 прст отворена. На толку останав Кога ќе прочитам 7 прсти отворени, а не осетиле болка се чудам.