А можно е да се отвара, па кај неа повеќе да боли? Охоо супер си па можно е веќе бебе големо е, нема место желудникот за многу храна. Јас веднаш ја враќам старата килажа, би сакала после оваа бременост барем на 55 кг да останам. @fana 8 прсти се отворив со минимални менструални болки, овде на форумот и дома запнаа да сум одела на преглед за секој случај дека јас глупавата мислев дека се тоа лажни болки, за вистинските мислев треба многу да боли
Шостори среќа бе чоек За второво внимавај, кумашинката дома ќе родеше оти ич не ја болеше за второто дете
Блазе си ти. Да ти кажам право и мене ме оддржа свесна тоа што цело време чекав појаки, па тие не ги перцепирав како јаки. Ама уморот ме стигна и немав повеќе сила. Не можев ни да заспијам, ни да станам, ни да седам, само сакав да излезе од мене
Не знам ни јас Сестра ми се јавува ме моли оди на преглед, викам џабе ќе се разочарам, рековте треба главата од ѕид да ја трескам, и другарките тогаш од труднички исто зборуваа. Си направив ручек, јадевме со маж , средив низ дома, го испратив на работа и за пола час му се јавив да дојде да одиме на преглед Пресудно беше кога кажав дека болките ми се на две мин и ми се оди по голема нужда. Тогаш сите паничеа, па ај отидов да не ги слушам И се породив за саат ипол. Ова вкупно со се прием во болница, пресоблекување, преглед и сл За ова ќе чекам да се на 10 мин болките па да одам... да не го родам во кола дека во друг град ќе се пораѓам,едно пола час имам возење
@Kate Rina 93 браво бе Јас на твое место би изнајмила стан во другиот град до болницата коа ќе влезеш 36+
Ај ти веќе ги знаеш како изгледаат вистинските болки. Ние што сме со прво некаде по пат да не се породиме
Јас правев крвна слика денес, хемоглобинот намален од минатиот месец, а железото зголемено. Се чудам како е можно. За неколку дена сум на втор скрининг, паника левел милион. Се надевам се ќе е во ред, немам спиено од мисли овие дена, и да заспијам со тахикардија скокам од сон.
И јас го имам истиов проблем. Железото ми е високо а хемоглобинот под граница. Сепак земав превентивно за хемоглобинот апчиња дека на секоја крвна слика само паѓаше надолу.
И јас се слажем со тебе дека задолжително сите да си направат уринокултура. Од таа инфекција немам око склопено од 16 Мене ми имаат докторите кажано да бројам За уринокултура за резултатите треба да се чека до среда, затоа ми направија и обична контрола на урина и покажа дека има инфекција. Почнав со цефалексин и кетонал па ќе видиме...
Мешиња јас денес бев на преглед кај матичната како што гледавме се е во ред, бебче си напредува 13та недела според менструација и ехо, заспано беше одвај го размрдавме,рачиња на очиња , ножиња свиткани , душа на мама ❤️ Хемоглобинот и кај мене намален 114, ми рече да почекаме за терапија да видиме со исхрана прво.. Ми даде магнезиум во кесички да пијам , имав бел исцедок па со брисевиве ќе видиме што ќе биди и ми даде утрогестан да ставам само навечер по едно па малку ме фати паника ама гледам па многу од вас пијат.. е така да си се искажам морав ❤️ Утре сум на прв скрининг па сум возбудена
Мене ми е 126, ама над 140 ми беше во март. Ако се спушта уште наредниот месец ќе ми препише нешто и мене сигурно, само железото ме буни скоро 20 ми е.
Битно да си мрда, обично ќе си знаеш во кој период од денот е најактивно. Макар што и тоа нема правила, мојава госпоѓица пред некој ден имав пишано тука дека е многу мрзлива, па еве вчера а и денес посебно ми надохнадинема застанато од сабајлево.
10 пати ако памтам добро од првата бременост, истото се коментираше често на темава. Само уште не разбрав дали 10 пати цел ден се брои.