Јас знам дека 10 пати во денот треба да го осетиш. Сега проверив,не сум била во право, https://tvoebebe.com/BREMENOST/broenje-na-fetalnite-dvizenja
Јас како што знам 10 движења најмалку во 2 часа треба да се осетат. Премногу е малку 10 пати на ден, и бебушот е како нас исто жив човек ,ние сигурно не мрдаме само 10 пати дневно
Мене заради истата индикација ми беше посочено да направам хромозомско испитување (нифти, само друга лабораторија што го изведува). Се откриваат со 99.9% сигурност сите синдроми кои сакаш да ги провериш. Претпоставувам за даунов синдром се работи. Јас ти препорачувам да го направиш чисто за да си бидеш мирна до крајот на бременоста. Скап е, ама вреди да се направи.
Ако сакаш да си мирна и бидејќи имаш сомнеж можда е подобро пренатален, Приска и да направиш ако ти покаже исто пак некои проценти и статистики на крај ќе треба да правиш испитувања, а може да ти помине рокот за пренатален па ќе треба амнио да ти прават.
Ама дур сум на работа, ќе ме поздрави си мрда, ок. Ама кој може да брои тоа. Треба да лежам цел ден и да бројам
Ма ич не се ни труди,чим си мрда дента во ред си е. Моево има денови посебно за викенд кога воопшто не му се мрда додека не го чепнам јас. Си спие ,си одмара.
И обично тоа броење на движења се прави доколку не сме го осетиле подолго време дента, а не на секој саат . И да сакаме не можеме секој саат да му броиме движења. Па плус како си расте така снемува простор, движењата се ограничени. Не треба да се преоптоваруваме со овие работи,мое мислење.
Јас го користам на weleda уште од 10та недела, за сега немам стрии ама и рано е уште да кажам. Сестра ми го користеше истото и нема ниту една стрија
Јас не ставав ништо ,млеко за тело само и гледам сеа почнале да ми излегуваат доле под папок виолетови, не се познаваат многу ама пак Во 34 недела.
Дали имаш пари за пренатален тест? На рати некако да го плаќаш. Приската е СТАТИСТИЧКИ тест, не е ДИЈАГНОСТИЧКИ, никој не може да ти каже дали има дијагноза или не врз основа на приска, ако можеш направи пренатален (нифти, хармони и сл).
Јас го имам на еуцерин маслото и од алверде путерот. Не ставам редовно, заборавам . За сега немам стрии. Ама мислам дека не значи ако мачкаме нема да ни излезат стрии. Познавам мн жени што не ставале ништо па немаат ниту една стрија и обратно жени што ставале а им се појавиле стрии. Сепак подобро превентивно да си ставаме, па како биде така. И да се појават не е толку страшно, битно со бебушите да е се во ред