Пробајте да ставате лимон во водата, краставица, ѓумбир, нане, било што за да си ја направите поубава за пиење. Плус како што идат жештините и освежителна ќе ви биде.
И кај мене така нешто беше а се секавам на муабетот над 3 и нешто беше ама незнам точно дека не треба да биде
По минимум 3 литра односно две шишиња, плус чаеви и сокови. Одсекогаш сум пиела многу вода. Едно време се испаничив дури шеќер да не имам па испитував ама немам добро е, само сум си жедна
NIPT (Nifty, Panorama, Verifi, Harmony) не е дијагностички тест, туку е скрининг метода како што е скрининг метода и мерењето на нухална транслуценција на ултразвук, со тоа што процентот на точност на NIPT е околу (88% - 99% - во зависност од испитуваните аномалии), додека ехо скринингот е со точност од околу 75%. Затоа се препорачува во случај на зголемена НТ на ехо да се направи и НИПТ. И кај НИПТ, резултатот е изразен во процент на ризик, а не во дијагноза (низок, среден, висок ризик) и доколку истиот е висок, препорака е да се пристапи кон дијагностичка метода како хорионска биопсија или кариотипизација на плодот (амниоцентеза) што единствени даваат дефинитивна дијагноза. Така што и НИПТ е еден вид статистика, само попрецизна бидејќи сепак се изолира ДНК на фетусот и таа се анализира во однос на останати параметри како возраст на пациентката, процент на фетална фракција, тип на зачнување и слично. Членката ја советувам да го повтори скринингот кај добар специјалист за мерење НТ (не сите матични доктори се соодветни за ова, иако си мислат дека се, за ова треба да се поседува посебен сертификат, кој се обновува на одреден период) и доколку и тој скрининг покаже дека НТ е зголемена, постојат две опции - доколку може финансиски да си дозволи, да направи НИПТ со тоа што треба да е спремна, доколку е резултатот лош, истиот да се потврди со амниоцентеза, или да оди директно на амниоцентеза, за што докторите секако најдобро ќе ја советуват.
Искрено не планирам сега за сега, може да покаже антитела што не значи дека се од сега па да се извадам од памет... Пред бременост немам направено, направив само микробиолошки и пап, а тогаш е најдобро.
Mene pod grada mi se stega taka kako topce, gazeto na malata e i na eho bash vidovme i butnata koska i e tuka Jas na pola saat mocam kaj mene nema prva, vtora hahahahahahahahahaahha
Да во право си, скрининг тест со точност од 99%, додека приска со 50%... Затоа и ја советував за скрининг кај добар доктор, амниоцентеза и не е баш така безазлена процедура.
Јас сакам од оние како ранец, за на двете рамења, со прегради за ладно чување на млеко. Мислам ќе е практично, имајќи искуство со торбици од првото, па без преграда невозможно е да најдеш нешто. Само не сум начекала каде има.
Здраво трудници Јас сум при крај на 28 недела, до сега добро се носев со бременоста (освен поспаност и болки во грбот од првите месеци). Крвната слика ми беше супер на последното испитување пред три недели. Завчера ми се појави осип на стомакот, црвено розеви точки кои ме чешаат. Му кажав на гинекологот, ми рече да почекам некој ден, а ако се влошат симптомите да отидам на преглед кај него. Бев кај општиот матичен, ми рече дека е поради ширењето на кожата. Еве веќе трет ден како осипот стои, не се шири но ме чеша со ист интензитет. Не знам дали е некоја алергија, јас алергии со симптоми на дишни патишта (течење на нос, длабоко кашлање, кивање, солзите на очите) имам без престан во последните два месеци, но не пијам ништо за нив. Дали некој имал слично искуство? Препораки за како да постапам?
Се мачкам со микс од Павловичева, АД капки и Еуцерин масло од третиот месец навака. Општиот лекар ми рече дека е од тегнење на кожата, ама ова е различно чешање, знам како ме чешање пред да почнам павловичевата да ја користам
Јас лани кога бев трудна се мачкав само со кокосово масло,не ми се направија стрии ама стигнав само до 29 недела. Сега се мачкам со една крема од авон за стрии,и плус ставам млеко за тело,ама рано е да се каже за ефект,18 недела сум.