Да не се работи за PUPPP, осип кој се јавува во бременоста? Изуглај да видиш дали личи на тоа. Мене стриите на гради премногу ме чешаа и беа чудно црвени кога излегоа, ама се познаваше дека се во форма на линиички, па знаев дека се стрии. Не ставај секакви креми за смирување сега, ни масла и бањај се со некој нежен гел или сапун (сапунот на Еуцерин многу е добар ПХ5) и препорачувам да одиш и на кожен да те ѕирне.
Ве читав во врска со стриите... Од втор/трет месец почнав да се мачкам со еуцерин масло за стрии на стомакот редовно секоја вечер.. Градите ги заборавив скроз и уште одма тогаш ми се појавија стрии.. Имав мали гради претходно а сега се огромни па не е ни чудо.. Пред 2 месеци почнав и со веледа маслото најизменично, 2 пати на ден. На стомакот немав до сега,37ма недела сум, пред некој ден приметив две малечки под папок Исто и на задникот ми се појавија По се изгледа дека си е генетика во прашање
Јас во првата бременост се мачкав со се и сешто и се беше супер до шрвиот ден во 37 недела...се распукав ко лубеница Фино е да се мачкаме, ама истовремрно и да се хидрираме мислам дека и тоа си има влијание, другото е ген
Сабајле го осеќав многу високо во желудник , веќе цело попладне доле ниско , како на цервикс да е, ме стиска и на мочен меур, многу ми е непријатно само потскокнувам во кревет 29+3
И мене ме претиска на мочен меур, не знам колку пати во вц одам. На последниот преглед со главчето беше надолу.
Исто. Во една минута ме мава скроз горе, за одма потоа да ми расчука цервикс и бешика. Многу незгодно е.. А не можам да поседам ниту седната од што го носам високо, ме стиска скроз, морам навалена со грб да сум. Башка бешикава скроз ми има попуштено, се осеќам многу грдо ради тоа. Не знам дали може тоа да се среди некако или ќе си го носам цел живот...
Леле кажувајте за мачнини лек , неможам повеќе, од синоќа повраќам ми се лоши, неможам ништо да јадам , водата ја повраќам ..
Јас навечер мака имам. Одкако ке си легнам нозете како да почнуваат да ме чешаат и мора да мрдам. И станувам, легнувам се додека не ми се смират нозете. Така и за првата бременост ми беше. Само што се породив се се среди. Се надевам нема некој друг мака како мојава
За стриите и јас сум за тоа дека се генетски. Со првото мачкав павловичева, никаде не ми излегоа.. сега се мачкам со обично млеко за тело за многу сува кожа, немам толку време да посветувам на телото.. планирам до крај само млеко за тело да ставам, па ќе видиме. @pikabu5 Жал ми е за мачнините.. на почеток киви ми помагаа, маслинки, кисела вода.. После само инфузии б6,вит ц физиолошки раствор или рингер. Ама тоа ќе си зборуваш со гинекологот, на своја глава немој
Hahahahahahahahahahahahaha Me iznasmea, pa da taka e. Ama Jas Minimum 3L voda pijam, baska so si stegam sokcinja, cajcinja, mlekce, cokoladno mlekce itn.....
И јас имам. Restless legs syndrome се вика и е честа појава во бременост. Јас не трпам ни пижами, како да ме лази нешто осеќам. Малиов на сите ме кажа дека по гаќи спијам. Поминува после бременост, од хормоните е најчесто, некогаш и од слабо железо.
Фала меше, ќе пробам баш .. абе на сите овај период му прекинуваат мене ми почнуваат Navatac јас мила ги пиев, добри ми беа ама вакви мачнини сум немала како денес..