Може да е само денес, утре да немаш мачнини.. Пробај и со антиметил, мене не ми помогнаа.. Јас велев се ќе издржам само ова повраќање и мачнини не
Добра вечер трудници Свки со свој муке што би рекле Ама не дојдов да се жалам, напротив сакам да кажам дека кога ќе прочитам овде дека не поминувам само јас низ тоа нешто, одма полесно ми е кога знам дека не сум сама. Форумов ми е голема поддршка во текот на бременоста. Фала ви и убава вечер на сите Патем, ме изнасмеавте со првата урина и протечениот бојлер
Не сакам да те плашам, но сум 21 недела и уште имам мачнини, а и нагони за повраќање, но ај се воздржувам. Јас се помирив со судбината веќе.
Калатеа, фала на советите. Прочитав за PUPPP, сликите по сајтовите изгледаат пострашно од мојата состојба, ама слично е. Разликата е во тоа што јас немам стрии на стомакот уште, а секаде најдов дека осипот прво се јавувал во стриите. Ризик факторите ги имам, но не сум доволно стручна да оценам. Инаку летово имав слично искуство кога не бев бремена, беше поради мачкање со расипана крема за сончање после одмор. Тогаш скоро цело тело ми беше вака исфрлено и не можев да спијам од нагон за чешање. Ми помина со диета со двопек и течности цела недела. Инаку осипот личи како на осип кај бебиња, баш такви точкички црвено розеви и многу чеша, едвај се воздржувам. Ќе мора да посетам стручно лице, ова изгледа не е често во бременост. Се надевав дека некоја членка ќе сподели искуство, па и лек. Се бањам со маслото од Еуцерин, нежно поминувам по стомакот за да не го иритирам дополнително. Не сум мачкала ништо освен павловичева до сега, не сакам да му наштетам на бебето.
И јас така се воздржувам, ама ова денеска беше страшно, катастрофа .. абе главава неможев да ја исправам..
Девојки, Сакам да земам козметика на weleda i mustela, гледам биле на многу попуст, која од ова пакета мислите дека е најдобра, гледам различни се не се исти,која е најдобра? Обавезно ке земам и од weleda,ако некоја знае и од тоа што конкретно да земам?
Зошто две? Одлучи се за една , ја користам од weleda гел+шампон, крема за пеленска регија и крема за тело + крема за пеленска регија од frezyderm ја мешам заедно со weleda.
Женски може има некој и шо не спие како мене хаха, 37 недела сум, бебе растура, неможам да се наѓестам. Кога бев 30 недела беше наместена таман со главата, во 33 де помести и од тогаш е така, во болницата кај што ќе ме порѓаат ми рекоа ако е така ќе биде царски и ќе почекат до 39 недела. (Во Германија сум, повеќе не чекале) Јас имам надеж дека на толку мрдење ќе се намести.. Некој со слично искуство?? <3 <3
И мене ми се појави осип на стомакот кој на кожно ми рекоа дека најверојатно е PUPP и ќе трае додека не се породам, ама за среќа го снема и не се појави веќе, се надевам така и ќе остане. Беа исто ситни црвени точкички кои се појавија на стомакот ама ме чешаа претерано многу, до степен да не можам никако да спијам, а преку ден исто така седев само во нешто широко и памучно за да не ме допира и едвај се воздржував да не ги ископам. Кожен лекар ми препорача да се бањам со Липикар купка на Ла Рош- Посе и неколку пати дневно да се мачкам со балзам- од истата линија (Липикар од Ла Рош Посе), а во моменти кога не можам да издржам да не се чешам да прскам СОС спреј од Биодерма. Не помина за неколку дена ама за две недели од прилика почна да се намалува интензитетот и веќе третата исчезнаа сите- се надевам ќе ги снема и кај тебе зашто знам колку е голема маката
Не си сама мила По цела ноќ се чешам без престан, како шуга да имам И тоа само од колената надоле и дланките, повеќе сум будна неголи што спијам. Месец дена сум со чешањето мислев ќе помине
Сите што ве чеша кожата, а немате видливи траги/пликчиња на кожата, отидете на интернист да ви даде упат за испитување на функција на жолчка преку крв и урина. А може и да ви ја види жолчката. Знае во трето тромесечие да се јави холестаза. Мене уште од прво ме чешаше се, па ме пратија да испитувам. Туку да ве прашам кога се накачува килажа? Сабајле се измерив -0,8кг сум од стратната, а сум 22+5. Јас додуше си имам вишок, ама страв ми е дали бебуш си добива се што си треба...
Добива се. Дури и да е на наша "штета" за него мора да има (најпрост пример е со хемоглобинот и железото).
Добро утро мешиња. Ноќеска какви грчеви имав, леле леле Ме мрзеше да станам да пијам магнезиум, па трпев 3 4 пати у ноќта. Ама толку ми беше слатко спиењето. Денес ми се тресе ногата т.е. ми игра мускулот последица на грчот. Денес полна 24 недела. Цела ноќ сонувам како одам на операција кај докторкта шо ќе ме пораѓа, па доцнам, па утнам автобуската, па не сум отишла на работа, не сум се оправдала
И кај мене се измести во 33/34 недела, претходно си беше ко што треба. Сега пак си се намести со главчето надоле. Има надеж
Eve mojava e namestena Kako sho treba pa jas carski kje odam.....uzhivaj si vo poslednive momento so bebeto vo meshe Kako kje pomogne Gospod taka kje si se porodish....ne znam sho se optovaruvate(opshto zboram za site)deka mora prirodno ....ne ne mora I carski mozhe