Здраво Сега пред малку имав како бодежи во близина на левипт препон, на два секунда кои брзо поминаа. Ама баш во тој момент и бебево почна многу да клоца мислиш салто прави внатре. Ама болката мислам не беше од клоцањето. Кпга прекина болката прекина и клоцањето. Искуства? Ова да не се тие лажни контракции, ама рано ми е 24 недела сум.
Ти притиснало некој нерв, лажните контракции јас ги осеќам на цел стомак ми се собира ,се стврднува и ко да останувам без воздух неколку секунди па поминува. Најчесто кога се возам во кола ми се случува. И не ти е рано за лажни, јас од 20та ги имам.
Добар ден Да ве прашам пред да ми одговори матичната. 27 недела сум, проверував скриен шеќер. Пред да испијам гликоза ми беше 5,2 2 часа откако испив 5,7 . Што мислите?
Имам и бодежи и истегнувања. Дури те боцка, тегне и дури не се јаки менструални кои траат е нормално така ми кажа докторот.
Не се плаши мила,јас имав пишано во форумов пред некое време истата ситуација како тебе кога ќе ме притисне доле или кога ќе мрда многу најчесто левиот препон ме фаќа не можам да се издишам,па претпоставувам дека притиска на некој нерв и затоа толку боли ,кратка но многу јака болка. Сфатив дека скоро сите болки се нормални во бременост
Девојки, слушнавме срце. Се подмочав малку. Можам реки да исплачам од радост беба расте. После преглед пушев цигара и се заколнав дека ми е последна,само ми дојде ,веројатно после срцето се свестив што ми се дешава...се надевам кризи нема да имам многу... Ве гушкам
Има ли крај на нискиов хемоглобин аман Тотемата добри ли се за хемоглобин (и хематокрит)? Пиев Сидерал Фолико, Флорадикс, Хемовит... Кој ќе слуша пак МЕСО, МЕСО, МЕСО
Јас три месеци ги пиев тотхемата, подобрување немаше ниту влошување. Исти беа резултатите веднаш под долна граница Сега овој месец ги пијам Ferozomal од алкалоид па ќе видам резултат.
Кај мене беше главично, таму од 30та до кај 35та беше карлично, од кога почнав на цтг, пак се намести со главчето надоле, во 38 на прегледот беше карлично, ми закажаа преглед после 3 дена и демек ќе ме задржуваа тогаш да ме породат царски, бебето пак се сврте, со главата надоле, и прегледи на 3 дена, уште е со главата надоле, сега сум 39+4, а ми кажаа дека и на пораѓај можела пак да се сврти. Така да не се секирај за ништо, одмарај си, уживај си па како биде, така