Јас сум 18 недела уште не сум поправена ич,меше имам малку ама килажата ми е иста.Ке се поправам нагло си знам,само прашање на време е
Јас во првите 3 месеци качив ~10кг. Од мачнини ништо не јадев тогаш за да не повеаќам, а баш кога почнав да јадам и мислев ќе станам слон, со оглед дека со нејадење накачив, не качив ни кило. Еве цел 4ти и 5ти сум иста килажа. Прво се загрижив, ама кога видов дека бебе си напредува супер, се радувам што е така.
Дали има некоја разлика, дали се менуваат движењата во поодминати месеци? 33+2 сум, беба ја осеќам, последниве два дена не е многу активна, пак мрза ја има фатено , ама и кога се движи некако како по бавно ми е, по различно. Треба да паничам или нормално е тоа? Ќе видам уште утре како ќе биде, ако е исто пак ќе трчам на преглед...
Јас неколку пати имам пишано, многу варира кај мене движењето, некои денови цел ден е успано едвај мрда ,некогаш е премногу активно. Варира од ден во ден,а и како што си расте снемува простор така да мислам нормално е. Ама доколку ти е грижа провери си.
Си прашала доктор во врска со ова? И јас си викам нормално е, некако како да се истегнува и тек тук ќе направи некое отсечно движење и некој удар.
Не сум прашала да ти кажам искрено зошто не сум ни обрнала толку внимание. Претпоставувам дека нема простор за грижи затоа што на ехо досега се било во ред и баш докторот ми кажува според положбата на бебето кај ќе го осеќам најмногу и така е ,така да мислам ако имало нешто до сега ќе се покажело. Протоци имаш ли проверено сега поскоро, постелка, дали има доволно амнионска течност?
Да да, пред десетина дена бев на преглед, проверив и д-димери, протоци, се беше супер во најдобар ред. Еве ја сега баш почна да се движи, ама ќе видам и утре како ќе е, па ќе пишам што ќе направам. Ако одам на преглед баш ќе прашам, да знам што да очекувам, да не се паничам вака.
Мене ми пуштија денес, а баш се јавив завчера во фонд и ми рекоа дека до крајот на неделата кај сите ќе има..
Добро утро, ме фати некоја настинка или вирус, носот затнат, синуси ме болат,грло и уши.Си прснав оперил за деца од син ми.Што смеам друго, фервекс,тулол хот нешто смее ли?И кои за лижење за грло?Главата ми пука.