Ма како ќе трчиме по бебуши, може и нема да ни треба. Али секако екипа за подршка си имаме Можеш и Аква Марис спреј. Мислам така се викаше. Исто инхалации со морска сол, со камилица и прегорен шеќер со млеко. Побрзо да минува.
Мислам дека конечно почнав да ги чувствувам движењата на бебето. Читав и тука, дали се тие движења како нешто да жубори во долниот дел на абдоменот? Истовремено чувствувам како некој со прсте да ме гали. Се надевам дека не замислувам и тоа е тоа.
Ептен се радувам. Сите ме прашуваат го чувствуваш или не, јас ништо. Можеби и претходно сум чувствувала, само не правев разлика од нормална перисталтика на црева. Веќе дефинитивно е различно
Фала ви што ме помисливте...се породив пред една недела , бебето остана на ОИНТ , но стабилно и силно е...јас излегов ,се опоравувам од царски и го чекам моментот кога ќе се гушнеме со ќерка ми
Од кесичките ништо не смее, од тие за грло исто не смеело јас кога бев болна прашував, еве некои членки ти пишале на природна база што смее.
Јас колку што знам tylol hot и фервекс не смее. За грло ми помага прополис за деца во капки на лажица мед, и тоа мене кога ме боли, ме боли, а со оваа комбинација ми се смирува. За носот, јас не сум репер, имам проблем со синуси од почеток на бременост, единствено малку ми е подобро од Синомарин ЕНТ и плус марисол со алое за смирување кога крвари слузницата. Чаеви брусница и нане со лимон.
Испитав д -димери, крвна група, скриен шеќер и се е во ред, раат сум сега. Само хемоглобинот ми е намален не е многу, ама ми даде едни таблети матичниот да пијам бидејќи ќе продолжи да се намалува ако не превземам нешто иии да јадам цвекло и месо, со тоа месо аман веќе цела бременост ми го зборуваат. Јадам месо, ама повеќе од што јадам мислам не можам и онака со сила го јадам, ќе гледам да јадам повеќе цвекло и месо се разбира. Друго повеќе за испитување нема освен крвна слика и брисеви мислам има уште еднаш. На контрола ми кажа во 32 недела.
Ќе биде се во ред, да уште едни брисеви имаш, јас во понеделникот ги правев 36 недела па сега чекам резултати... Со лесно на сите мамички, инаку и јас сум настината партали налет веќе, што се не ме стрефи, носов од сам почеток 1 ден нормално 5 дена затнат, пред бременост не ми се затнуваше волку, ама ќе издржиме мораме. @дамјана Нека е живо и здраво и лесно опоравување ❤❤❤ Нека не чува Господ сите и со лесно на сите ❤
Јас секогаш гледам позитивно и сакам да ти кажам дека ти и бебе ке сте ми во мислите. Бори се! Биди силна. Ке помине и ова!! Господ да ве чува!!