На иста мисла сме , толку имам мерак да и изнакупам се појма немам што , инаку се што гледав и мене 56ка ми понудија као наводно 50ки биле многу мали и претежно за прематурчиња ги зимале , така ми кажа продавачката
Па и ја од мерак и земав шпихозни два пара 56ка, тенок мек памук , мислам само по нив таман ќе и биде , и маж ми ги гледа многу големи му се гледале хахахахаха незнам он колкаво го замислува ама ок
Сметам дека ленти се малтретирање на бебе. За слика 5 мин да и толку. Капа една памучна само за ако дува ветер надвор. Внатре никако. Ракавици не, рефлекси спречуваш, нокти ке си сечеш и секако ке се гребнува на почеток ама брзо минува и не останува белег. Шпихозни целосни имаш, со затворено ноже. Имаш и комбинација боди со панталонки, или затворени или отворени. Ако се отворени и чорапи ке ти требаат. Да сум со овој памет и искуство вака ке земам од една бројка: боди едно пакување со 7 и шпихозни две пакувања по 3. И една капа, кебе, тетри 5-7, бањарки. Потоа ке видиш како ке сушиш переш и колку ке треба да доземеш. Ако пушташ машина секој ден не ти треба повеќе. Синко 56ка носеше три недели, ама некои бебиња носат и по два месеци.
Моето се роди 3600 гр., па 56 бројче и беа таман за почеток. Сега и јас сум ко тебе почеток на август и во глава само фустани ми се вртат Па женски ли се што ли се, треба да бидат принцези Јас со едно девојче не се истрошов изгледа од дотерување, сега едвај чекам да се роди и ова Има бенкички некои на преклоп, претежно се и такви, ама да не те лаже ѓавол за облекување преку глава да земеш нешто зошто додека не ојачаат некој месец тоа е научна фантастика да го облечеш. Лето ќе биде, така да во предност сме во однос на перење и сушење и не ни треба којзнае колку, зошто дур го купиш тоа го пораснало веќе
А мами, за изнесување од болница што планирате? Мене термин ми е почеток јуни, не знам дали во повеќе делови да земам, во Картерс имаше преубави, или пак шпихознички некои. И дали би требало боди по прерамчиња за одоздола... Како тргнало јас сите можни комбинации ќе им ги однесам во болница од што сум неодлучна.
Мене во мај ми е термин. Земав боденце едно по долги, панталончиња и капче (комплетче беа во H&M) и чорапчиња. Плус ќебенце ако е ладно. Боди по прерамки не земав, мислам дека таман ќе му е со ова по долги само.
За изнесување од болница од 13 недела гледав јас Најверојатно ќе земам од тие комплетите во кутија за ќерка ми имав земено беше преубаво и долго си го носеше затоа што се роди три кила а и не ми напредуваше од доењето дури и ми ослаби Имаше во него и една како прекривка преубава па неа особено мислам до годинка ја користев, буквално секаде ја носев. Гледав само во еден бутик, ама ептен беа штосни
Ако зборуваме за истото, јас земав таков комплет на Бит пазар во продавниците карши полициска, тој ред. Ми бикаа да не го купувам, многу било ама мене многу добро ми дојде. Прекривката уште ја користам, а се од облеката користеше уште доста време. Имаше разни, со мечиња, со зајчиња, какви сакаш.
Такви кутии за новородено има во секој детски бутик Кажи им комплети за новородено во кутија - си знаат продавачките.
Да не ти крварат непцата? Туку ви лудуваат хормоните? Како влегов во второ тромесечие го малтретирам маж ми, вика претерувам
Ооо за изнесување дефинитивно фустан Нека му ја мислат сестрите таму што ќе и го облакаат. И првото го извадив во фустан и ова исто. Само гледам по бутициве ми иде 10 да купам уште сега
Маж е за да го малтретираш во бременост инаку ќе се чуствува запоставен Шала на страна, ама јас оваа бременост душа му извадив, а он ми е туш ладен и уште толку ми крева притисок бе