Јас таква кутија за новпроденче купив од Стужанка, уште кога дознав дека сум бремена, земав крем со меченца, има внатре ќебенце - прекривка, шпикозни целосни, боди, ракавички, чорапчиња, лигавче, капче, бенкица и долни панголончиња со ножиња, околу 1000 денари ја земав, вака ми се гледа дека е убав памук па ќе видиме. Инаку и мене ми е термин Мај, и јас планирам за изнесување во комплетче по долги и едно боденце на кратки, секако и кебенце некое потенко, е сега мм вика со капче а јас сакам со машна за на глава па некако ми е по интересно така сепак госпоЖата мора да е дотерана хаха
И јас сум почеток Јуни. Купив фустан, под него боди со прерамчиња, хулахопки, пуфка за глава има да биде дотерана прв пат кога ќе дојде дома. Се мислам уште само за пеленка за покривање дали по слаба или дебелка да земам, ама па ќе видиме како ќе биде времето тогаш.
Комплетитр за новороденче се топ, јас земав за ќерка ми од Стружанка, го носеше месец дена можда, а ќебенцето го користевме долго. Со таков комплет ја изнесов од болница, и сега планирам некој таков да земам. За јуни месец би рекла изнесување по долги, знае да биде посвежо. Мене термин ми е август на почеток, баш во жешкото, ама па од друга страна просториите и колите ќе бидат под клима. Топло ладно промена, мн да не дојде. Исто бебешка нежна кожа на јакото сонце во август на пладне, (обично коа си одиме до болница) можеби е подобро да е со долг тенок ракав. Што знам.
Не ми крварат непцата за чудо. А за маж му зошто лежам со серклаж он ме служи јас уживам си лежам. Да види малку како е
Матичната ми рече дека на секоја нагла промена на положба ( лежиш да станеш, возиш кола , да излезеш) се јавувале лажните контракции или стврднување , особено ако не е прва бременост. Не верувам да е страшно и јас скокам по син ми. Два пати трчав по него , еднаш го бркав низ сити ми избега, онојпат кидна од кај педијатарот пак трчав
Можеби од тоа имам стврднување на стомакот.И кога ке станам , и полека ако станам имам како бодежи ваљда се тегнат мускулите.Скоро пола истурка,18+5, уште пола само да издржиме.Ми дадоа прогестерон депо на 3 дена, утрогестан сабајле и вечер и магнезиум повеќе,скоро 1 грам земам дневно.
Јас би зела по долги ама тенко. Мене ми е крај на јуни ама така планирам. Синко беше почеток на август им однесов на кратки и долги го облекоа по долги. Дека уште е мало ми рекоа првите недели да биде во тенко долго, јас после дома расоблеков бебе по боди и пелена и чорапчиња Јуни пак знае да засвежи , така да …
Да , не се секирај. Имам јас од 16та недела. Со синко едвај на крај ги осетив и тоа не бев ни свесна дека тоа е тоа. Ааааа , и ми рече а ако раѓаш трето дете тек тогаш ќе видиш какви стврднувања ќе имаш , не фала и викам
Јас купив едно комплетче со 5 работи внатре. Пишува големина од 0-3 месеци кога го мерев со овие број 56 поголемо е од нив А сакав тоа за излегување од болница ама сега ми е мисла големо да не и биде. Исто гледав комплети и со фустанче па сигурно ќе и земам и таков, па сестрите нека одлучат во што ќе го облечат
Добро ми дојде ова со стржврднувањево - јас од кај 12 недела осеќам - викам што толку рано да не не е во ред сега вас кога ве читав сфаќам дека е нирмално
Мене искрено повеќе ми е мисла за што треба да се има спремно за бебе па и за мене кога ќе излеземе од болница. Алишта знам дека нема да и фалат, ама ме фаќа паника за другите неопходни работи. Ако сака некоја искусна мама да сподели список.
Поднесов приговор, ми рекоа усно да доставам конзилијарно, На 27 ми ке одам на Гак за конзилијарно, ваљда ке ми дадат, ставив серклаж ама во Систина па си мислам ради тоа да не ми направат проблем,мн се осетливи ради приватниве, а на гак ми рекоа дека неможат да ми стават серклаж.Се надевам дека ке ми продолжат.
Ти треба памперс,влажни марамици, алкохол 70%,хидроген,бенеоцин прашоче за папче,капки пробиотик биогаја давав јас и капки за грчеви,јас давав колиеф, цицка да цица бебето и многу љубов.Јас не дадов шише,ни цуцла(имав купено ама не давав),и вода и чај никако,само цицање.Мојот син сега е 4 год,цицаше до 2,беше супер бебе,мислам дека ради цицање,така и се гушка и се гали и е среќно бебе.Јас пиев витамини за трудници додека доев и супер бевме,и си слабеев по 2кг месечно.
Бебе: Стерилни газички и хидроген (за чистење на папочето), кремче за пеленска регија, влажни, памперси, гелче за туширање ( топло го препорачувам еуцерин масленото). За мама Обични влошки циклусни (царски рез) Влошки вир со мрежичка (природно породување) Неопходно е ова, ако друго те интерсира слободно прашај.
Не ми е јасно, како ти рекоа "не можат да стават серклаж"? Ами не дај боже ако немаше каде инаку??? Што беше причината? Божееееее нашава чудесна земја и здравство...