Има и други работи што може ќе требаат но може и не, но ако затребаат ќе можат во меѓувреме да се докупат, на пример: капки за грчеви, пумпа за измолзување, влошки за гради... Итно, баш итно е ова што ти го пишав во претходниот пост.
Имам полип кој излегува од матката и е голем во цервиксот,и ради него ми рекоа нема шанса да ми стават серклаж,ама не напишаа никаде,усно ми рекоа.Отидов во Систина ми рекоа дека баш заради полипот имам поголем ризик од предвремено отворање бидејки се полни тој со крв,и ми предложија серклаж.Ми рекоа без серклаж дека немам реални шанси да истерам до крај и Димчев и Баџаков,а на клиника муабетот беше со таков полип нема шанси серклаж голем е ризикот од абортус,лежи и не кревај ништо потешко од 0.5кг,тоа Адела ми го кажа ама не напиша никаде на извештај.
Др.ми рече да земам вагиналетни Polygynax 6 дена по ред, навечер ставам утрогестан, заборавив да ја прашам докторката како да ги ставам,сега не знам дали можам преку ден да го ставам Polygynaxot a utrogestanot како секогаш? И колку треба да лежам после polygynaxot?
Жени, ме интересира колку од вас ќе се пораѓаат на Гак, колку во Чаир? Сакав на Гак ама сите ме премислуваат.
Nekoe iskustvo so ova kolicka? Lezam celo vreme od serklazot pa sega pocnav da razgleduvam ovie raboti iako e rano uste. Kolkuu daleku mi zvucit avgust lelee
Девојки опасни ли се лажните контракции во 6ти месец? Сега мислам дека прв пат ги чувствувам поинтензивно, како грч во делот на матката и на левата страна кај јајникот.
Го имав веќе поставено прашањето ама ќе питам пак зашто ме мачи психа. Од 14та недела осеќам некое чудно чувство многу горе во стомакот, малку под желудникот лево. Како некоја вибрација, пример како масажер кога ќе ставиш на кожа додека вибрира. Прво беше повремено, а сега е постојано навечер кога легнам. Некое време го има, па ќе сменам позиција на лежење ќе го снема, по некоја минута пак се јавува. Најчесто се случува кога лежам на лева страна и дури ми станува непријатно веќе, не можам да го поднесам. Се мислев дека е бебе ама толку горе чудно ми е. Дали се лажни контракции и опасно е ако се? Да се јавувам кај матичен гиниколог зашто далеку ми е прегледот или да не кревам паника? 16+ сум иначе
Штом е толку високо не може да е бебуш. Сега бебето не е толку големо за да го осеќаш во тој предел. Нешто проблем имаш со стомакот.
Јас имам исто чувство, ама кај мене се јави откако бебуш порасна, околу 30 недела, како некои вибрации, треперења, меурчиња високо горе под ребрата, ама искрено со оглед на тоа што се е поместено, мора да е нешто сосем нормално, се додека не осеќаме јака болка... Самото тело си прави промени така да мислам дека не е нешто за паника. Кога ќе одиш на следен преглед прашај си, ама немој да го мислиш многу.
Штом нема болка нормално си е. Си вежба матката за породување Ќе ги имаш почесто како ќе одминува времето, не се најпријатни ама не е ништо за паника Со лесно
Девојки, 20 недела сум, пред недела дена почнав да го чувствувам бебенцето околу папокот како мрда, сега веќе многу подолу, кај бешиката (кај ластикот од гаќите). Не е рано да се спушти толку ниско? Има место за паника?
Не, нормално е!! Си мрда, си се мести! Можеби ноџенцата му се долу. И јас така го чуствувам понекогаш, а сум скоро 31 недела.
Таман си е , си мрда цело време , се преместува ,исто и мене ми е така , некои денови мислам бешика ќе ми дупне