Тоа за невалидни нема врска. Јас кога правев негативни си остануваа негативни ако сакаш и два дена чувај ги, првиот тест што го правев уште го чувам иако негативен, а првата бременост кога дознав беше ист случај кај мене, после 15 мин покажа шо и јас заборавив и дека правев, случајно го погледнав пошто ми стоеше во купатило. Тогаш беше рана бременост иако заврши лошо но си постоеше и ембрион и ми утврди доктор бременост. Втората пат (сега) кога правев тест веднаш се покажа втората линија, темна и сум била тогаш 5 недели и еве фала му на Господ уше 2 недели до терминот. Така да нека почека малку членката и нека отиде на преглед
Не за џабе производителите пишале да не се чита тестот после x време. Понекогаш се појавува евапорациска линија која настанува од испарувањето на урината, што може да не збуни со вистинската. Затоа најдобро членката да си направи нов тест и држам среќа за да и се појави посакуваниот резултат.
За многу години, труднички!! Христос воскресе!!! Нека овој ден ни донесе мир, спокој, радост... И здрави и весели бебенца!!!
Хростос Воскресна! Мамички на сите Ви посакувам, лесна бременост и Господ да ни дава на сите мали, здрави и живи човечиња! За многу години ❤❤❤
Хростос воскресна! Навистина воскресна! Здравје, љубов, мир и благосостојба кај сите Да си родиме здрави и живи цуциња и само радост да ни носат Кога сум веќе тука, 25 недела имате ли болки во долниот дел на стомакот кај јајниците. Знам матка се шири, ама секоја болка и непријатност ми создава нервоза. Не е јака, ама присутна е, башка од вчера почна и кичма да ме заболува вајда и тоа е нормално. Се сум заборавила од минатиот пат Имајте убав ден!!!
Христос Воскресна мешковции! За многу години празникот, многу љубов, среќа, мир и благосостојба!! Сите одгодина ова време да си го дочекаме со најубавите бебушки во раце.
За невалиден тест е точно дека постои на мене ми се има случивано многу пати од многу голема желба за бебче и правев секој месец се појавуваше после некое време втора бледа линија но сепак бременост немаше од концетрацијата на мокрачана...нека ди направи нов тест и ке чекаме да ни пише убава вест... Христос Воскредна за многу години празниците идни мамички
Христос воскресе,да сте живи и здрави сите,да имаме полесни бремености и да родиме здрави бебиња на време! Убав ден на сите!
Христос Воскресе, за многу години нека е. Со лесно на сите да си истераме до крај. Догодина побројни и повесели
Христос воскресе, за многу години мешиња! Здрави, живи и со лесно до крај на сите, в година со бебенца в раце.
Дали ги имате пиено Jamieson за железо што се? Почнав скоро да ги пијам и вчера столицата ми беше многу темна, црна да се каже, па да не е од апчињата.
Како ти кажаа да ги пиеш? Мене хематолог ми рече по 2 на ден, а матичната 1 на два дена. Не знам кого да слушам, па правам комбинации.
Матичната и мене ми рече едно на ден , ама во четврток имам закажано кај докторкава во систина што ме води и со неа ќе се консултирам