Брисеви јас правев втори во 28 недела (сите четири). Во 36 се прави само еден и ако пораѓај е природен.
Ако од нешто ми е дтрав, тоа е ова. Ми се плаче кога ќе ми текне на 03.05 сум на контрола и ќе ми даде упат за шеќер
Д димери 475, инаку сум 25 +4, значи 26 недела. Крај на 6 месец и второ тромесечие, според вредностите што ми ги пратија се добри. И онака се во нормална граница мислам. Значи во право ми е гинекологот. Ми олесна оти и корона прележав бремена.
Неправилно го прават таму бар порано. пуштаа да одиш дома и да се вратиш за 2 саати. А не треба да шеташ. Сега може смениле, баш прашајте. Мене гинекологот и со првото и сега ми бараше со 3 мерења па правев на приватно. А со упат ви е со две мерења чисто да знаете
Викаа дека поради корона мерки, така барем беше до пред еден месец. Може сега со олабавувањето да промениле нешто.
Јас овде во Син лаб не знам кај седат, нема место внатре. Ќе си седнам на клупа надвор в парк. На почеток од бременоста ме врати лаборантот за друг ден, имаше многу гужва и многу со ковид, буквално редици чекаат надвор стално. @fana со лесно да поминеш, прва си ти па јас по недела две ќе го берам стравот. @JuLleE супер ти се димерите.
И јас сум секој втор ден Авицена хаха Ама сега седнав на телефон и се јавив во сите лабаратории. Баш ќе прашам денес матичната каде да правам и со колку боцкања.
Ти во Битола види дали во плодност прават, кај богоевски, во психомедика, или костурски. Во синлаб во Скопје правев јас и ме опоменаа дека не смеам да ја напуштам лабораторијата. (Пред 5 години) @Eli23 сподели со другарките каде може д асе прави анализата со седење во лабораторијата затоа што само така е точен резултатот.
Биотек рекоа дека не го работат испитувањето, Син лаб кажаа дека може само кај Неуромедика во Кисела Вода, ама не ми текна да прашам со седење дали е. Не ми беше опција некако, далечку ми е. Авицена со упут се чека 2 недели со закажување, а приватно имаат одма термин за 450 денари со седење и со 3 боцкања. Толку хаха.
И на приватно е со две боцкања и не те оставаат да чекаш таму. Дури ни гликозата не ми дадоа да ја испијам таму и се измачив да ја искршам коцката што ми беше стврдната во чашата. Им верувам на синлаб ама за скриен шеќер не би идела веќе таму.
Јас сабајле имав кај десниот препон притисок и така како болка, а толку ми е затегнат стомакот што е многу нелагодно, ваљда расте сега повеќе. знаеш иста недела сме и што имам читано нормално е, а не е на одмет магнезиум да си пиеш секој ден, јас секој ден пиам по еден директ. ❤️