Треба да назначи во упатот дека е за бремени за да не се плаќа партиципација или кај што ќе одам треба да кажам само?
Нормално ли е во бременост да се намалени тромбоцитите? 126 ми се, дали кај некоја од вас биле ниски и дали сте примиле терапија за истите?
Девојки се случило ли на некоја да почуствува нешто како пулс во стомакот или како вдишувања, дури и видливо на местото баш кај што е бебчето. Не е мојот пулс со сигурност, претходно не сум приметила почна од 34 недела ,сега сум 35. Не е ни икање.
Сегде кај што прочитав пишува дека било невозможно да се осети пулсот на бебето.Затоа ми е чудно,или па да не е нешто друго да вежба вдишување. Не знам стварно ме загрижи,утре сум на преглед се надевам се е во ред.
Мамички, Совет за несоница во бременост? Дали некој имал чешање по цело тело и чувство како боцкање со иглички како се справувате со тоа?
Женички денес на работа многу ми се сврти свестот среќа што седев на неколку секунди ми се стемни. Бев веднаш кај матичниот (обичен доктор не гиниколог) и ми најдоа уринарна инфекција некоја. Ми препишаа Амоксиклав 1000мг 2 пати на ден, 7 дена. Прашањето ми е дали ја има некој од вас пиено во бременост 17та недела сум, и дали поради инфекција сте добиле вртоглавица или не се поврзани овие 2 нешта? Да се редактирам хемоглобинот ми е низок може и од тоа е?
Не би требало да се поврзани. Дали имаше јадено? Може шеќерот да ти паднал или од хемоглобинот, не ми се верува да е од инфекцијата. Ништо не ти кажа докторот?
@Anturium не би требало да е од тоа, или од хемоглобинот ти е или пад на притисок или на шеќер. Јас се онесвестив таа недела, во болница ми беше зближан притисокот ко ми мереа одма и плус благо ми даде докторката и се стабилизирав. Ми рече без вода и нешто благо да не излегувам, јас обично магнезиум ќесичка си носам и тоа ми помага.
@kristina.k Шекерот ми беше добар, ама притисокот 99 со 60. Таа рече дека е симптом на инфекција и затоа веднаш урина проверивме. И јас прв пат слушнав такво нешто па затоа пишав да видам дали и нас вас ви се случило ова. Вратоглавиците веројатно беа поради притисокот, а не поради инфекцијата Ова се случи некаде 1 час после јадење, не бев воопшто гладна, а и јадев и чоколадо после ручекот
И јас мислам не може да ти е од инфекцијата,првпат слушам такво нешто. Притисокот е малце низок па можеби поради тоа.
@Anturium а хемоглобинот колку низок ти е? Да не ти е намален уште. Другарка ми се онесвестуваше од многу низок хемоглобин цела бременост. И притисокот ако не ти е нормално толкав, понизок е. А ова за уринарна инфекција не знаев дека имало поврзаност, јас не сум имала до сега.