Од 10 долна граница на хемоглобинот мене ми е 6. Примам терапија и за тоа. Притисокот често знаеше да ми е низок ама не толку, докај 110 со 70 стигаше некогаш. Валда се собрало и притисокот и хемоглобинот. Среќна случајност па ја открив инфекцијата. Ви благодарам на одговорите
Многу е ниско тоа, види ако не се подобрува нека ти сменат терапија или трансфузија евентуално. Ќе биде подобро, само контролирај почесто.
Во понеделник пак ке правам контрола па ќе видиме дали ќе има подобрување. И ова со инфекцијата ме заплаши. Ама ајде ќе издржиме се само добро да е на крај. Фала ти мнооогу
Се вратив јас, супер е женската , понапред една недела. Убава слика направивме Рече дека за овој скрининг најбитен е протокот, плодовата , постелката, грлото ми го гледаше абдоминално, мозоче, срце и мереше раче,ноже, главче, нозе.Свртена надолу со главчето Цената е како за преглед.
Мило ми е Како закажа ти како трет скрининг или преглед? И до колку сат може да се прават скрининзиве, во колку беше ти? Јас па мислев обично насабајле дека ги прават. Па маж ми не знам дали ќе може да земе ден, ако може после 4 сат ич да не бара ден после работа ќе одиме.
Во 20.30 Петрова работи само 2ра смена мислам до 21ч. Го закажав како трет скрининг и таму кога дојдов сестрата рече имаме за трет скрининг.
Мислам дека Петрова секако не прима придружба на прегледите, или барем мене не ми дозволи да влезе маж ми на вториот скрининг :/ Ми рече такви се правилата заради короната, а тоа беше пред некоја недела кога веќе се беше олабавено… Не знам кај Симонида како е, да не има некој искуство? Кај неа закажав за трет следна недела па се надевам дека ќе дозволи
Баш се надевав дека некој ќе пише дека Петрова конечно дозволила со сопруг да се влезе, особено сега кога ги укинаа и маските. Јас сум за некоја недела на трет скрининг кај нејзе. Аман значи многу го тупат
Кога прв пат ги осетивте бебушки да мрдаат? Осеќам деновиве како треперење по 2-3 секунди ама мислам дека е рано, 16 недела сум, прва бременост.
Значи многу ама многу ми е мачно Имам болки менструални, имам остри болки, имам обични болки во половината .... Не можам да седам долго време во седечка позиција затоа што едвај земам воздух. Ако легнам половината ме боли. А тек 23+4 сум. Мислев полесно е за второ. Значи не сум многу поправена, не јадам премногу, пијам препарат за железо, пијам и магнезиум ама многу ми е мачно Се испожалив Ќе се испратам
Welcome to the club. Себе сум си досадна веќе, ништо не можам да правам, ни да лежам ни да седам ни да стојам. Пола саат било каква физичка активност и после два дена сум врзана за кревет од болки во карлицата. Сите околу мене трудни што сум ги гледала до пред пораѓај трчкаа натака навака, што изрод ќе бев јас...А да не зборам дека секоја болка ми уклучува panic mode дека еве готово се пораѓам. Жените уживале во бременоста! Оваа жена не богами. Ај само да ни се добри бебушки и здрави и прави да се родат. Ќе ни надокнадат што ќе бидат бубачиња мирни
Се ме боли. Одам како Робокап. Стомакот тегне напред бидејќи бебе е скупчено горе. Боли кичма. Болки менструални плус. Без 3 магнезиума не се живее.