Јас сум 9+1 па тешко ми е Јас сум плус со миом кој притиска накај половината и си имам болки во половината, а понекогаш се јавуваат и менструални болки во стомакот. Гадењето малце прекина па сега пак се појави и тоа со повраќање и наутро и касно навечер на сред ноќ, ужас Среќа досега со бебе сè е во ред ама тешкичко било да си трудна, јас уште сум на почеток а тек што ме чека понатаму Ќе се издржи само до крај сè да е во ред
Јас од 9-10 недела сум во кревет, сѐ ме боли, од кичма, јајници, бешика, ребра, желудник абе буквално се, веќе самата не се трпам,36-та недела сум и одвај чекам да се олеснам, и плус што кога спијам почнав ненормално многу да крчам. Маж ми веќе не спие со мене во соба, бидејќи сум неподнослива верувај не си единствена. Кај мене секој втор збор е офф леле неможам веќе, тешко ми е
Здраво, Ми останаа вишок три ампули прогестерон депо, повеќе не ми се потребни, не се боцкам. На кого му треба слободно нека ми пише ќе му ги дадам. Поздрав
Ќе си офнам дома, додека диплам алишта, додека средувам кревети, додека мијам садови итн..и само маж ми се убацува на врата: Што ти е? Што се офкаш, да не бидна нешто? Како меме е станат веќе. Денес дланките ме болат. Шрек не ми е рамен. Добро, може Фиона да бидам ахаха. П.С. Кажете маичиња труднички, со ластик од страна и бебе на слика, ама тенок памук, кај можам да најдам? Да сте виделе конкретно? Во Ваикики гледав завчера, ама мн дебел тоа памукот мислиш на Сибир ќе ги носам.
Касна благо, кока кола? Не би требало воопшто да не го осеќаш. Може е помрзливо, а може и мрдка кога спиеш. Ај иди денес чисто да те ѕирнат да си мирна.
Тотално нормално за 14-15 недела, мислам толку си така? Некои воопшто не ги осеќаат тогаш бебињата, пример јас. Кај мене редовно мрдање почна после 18 недела, пред тоа ретко.
Вчера бев на втор скриниг, официјално девојка е. И првото ми е девојче, посакував машко, но најважно е што е се' во ред.
Дали бевте за скрининг и кај матичен и на приватно? За срце преглед правевте сите? За првото така одев на 2 места, ама сега ми е премногу стресно, имам трауми од тогаш уште. Кај матичниот беше се во ред, срцето ми покажа поделби комори, преткомори, се мереше пред мене и зборуваше за секој орган, па се мислам дали е потребно да одам и на приватно или да не си правам дополнително стрес. Од друга страна ќе се мислам зошто не бев. До која недела има рок за вториот скрининг?
Како што знам втор скриниг е од 18 до 22 недела . Јас одам паралелно кај матичен и на приватно за обични рутински контроли, а на скрининг само на приватно зашто матичниот нема 4д. Јас да сум на твое место би отишла на уште едно мислење
Толку сум 22+1. Има матичниот мој ново ехо, пушта и 4д да видиме лице, ама мерењето секако на 2д мислам го прават.
сега пак ти го препрочитав мислењето, не знам што прочитав претходно. Ако е вака се' ок нема потреба од друго мислење, кај мене беше свртена така што не можеше докторот добро да гледа па ме размрда ептен. Кај мене не не филозофираше многу но не остави простор за сомнеж
Кога веќе се жалиме и јас да си пишам, да ми олесни душа. Пред некој ден со маж ми бевме на роденден, на масата таму имаше од пиле млеко, значи сè и сешто буквално, ама имаше и мнооогу месо. Ваша Квин ич не сака месо, значи ич. Кога почна да ми мириса тоаааа, кога почна да ми се борави и повраќа, ау погрдо чувство немаше! И сега јас како да му речам на мм да станиме, нема смисла само што дојдовме, само ќутам и си подголтнувам, а тој е сосема обратно од мене, за месо душа ќе даде, го гледам лапа ли лапааа. Испаднав надвор, се потсмирив малку, и за брзо си заминавме. Неможев значи да ги поднесам мирисите, е до толку. . . бтв, освен тоа што ми се згади, друго е супер, само немам сеуште многу апетит ама добро, сеуште сум рано и може тоа многу да се смени понатака во бременоста.
Сега бев на контрола на ГАК ,Ќаев ме гледаше и се изнервирав ништо не ми објасни 2 мин се е ок и ајде чао. Ова што се мери 38 недели ме буни, не добив ни прилика да прашам. Знае некој да ми објасни, главата е толку понапред или?
Кај мене главчето ми бега стално за 2 недели понапред а тука негде сме јас сум 34 недела, одкако дигнав паника и тука и кај матичната ми беше кажано дека на машко бебе главче нормално е да е поголемо во однос на женско,а и голема улога игра и генетика... слободно опушти се и уживкај во последните недели