Воопшто. Мораш да мируваш тие два часа. Во авицена со чекање таму е? Кога веќе испитувам сакам да е точно, не да се боцкам џабе.
@fana @Saba08 мами дали знаете дали може оспен да се пие во бременост препишан ми е вчера ми отстранува хемангиом на устата?
Јас бев пред не цели 3 недели на контрола и сега отидов пак, заради промена во движењата на бебето, некако поинаку ја осеќав и се спаничив малку и ете затоа било, оти се свртила. Држам среќа да ни се сместат бебушки како што треба
Така и си мислев. Во Авицена боцкаат 3 пати, со чекање таму. Од 7 и 30 еден термин, од 10 и 30 другиот термин. Завчера бевме на шопинг за бебе. Ме искара мм зашо сум гледала по долги ракави и целосни ногавички, ќе сум го сварела бебето во август.
Да со чекање е кај нив само во Тафталиџе. Организирани се со тајмер на време. Ќе ти дадат апаратче за следење на време.
Дозволен. @Eli23 фала мила. Инаку и јас со долги ќе го облекувам исто во август. Нема да е надвор, ќе биде дома, а дома ќе дува клима така што....
Мене пак хормоните ми се свртеа за 360° Пред бременоста бев плачка за се, дури и на филмови плачев, а сега ко без чувства се осеќам, ладна и ладнокрвна. Ништо не ставам околу мене на памет и од едно уво ќе влезе од друго ќе излезе, си терам по свое. Само бебињата ми се во мисла, со бременоста сум опседната за секоја ситница и промена што ќе ја почувствувам. Тоа е тоа друго стање, сите поразлични не прави
И јас осеќам промени во движењата. Ко да се преместува цело време. И се со појак интензитет ударите и движењата. Баш ќе видам што ми кажат на ехо. Се надевам овој пат ќе ми извадат убава слика. Да си го видам малишанот убаво.
I jas vo bremenosta sum poizladena , nekako vo pocetokot imav povekje promenlivo raspolozenie ali sega sum nekako mn izladena, ne se zamaram za sitnici nit se potresuvam Se nadevam ova ke me drzi i posle poragaj zasto poise si se sakam vakva
И јас испитував скриен шеќер вчера, и вредностите ми се малку повисоки од мерките за трудници (за 0,8 и за 1,5). Не знам дали да почнам да паничам Матичната ми е на одмор неколку дена, па викам да се консултирам со вас
Матичен ќе ти каже да пазиш на исхрана, ендокринолог одма ќе те пише гестациски и ќе те стаи на диета и ќе мериш со апаратче
Дали ако е повисок шеќерот на обична крвна слика има шанси да нема гестациски? Ако е многу висок после гликоза даваат терапија или само диета пак?
Да не паничиш, мене ми беше 8.5 после 2 часа а нормално е мислам до 7.9 ако не се лажам. Од тогаш пробав да пазам на исхрана некој период ослабев многу и крвта ми ослабе немав сила да дишам и решив да мерам со апаратче,шеќерот од 7.5 не ми се качи повеќе и после јадење и после благо. Така да ова испитување не го правам више во ниедна следна бременост здравје боже, едвај издржав да не повратам дента и гладна толку време,шок за панкреас за на крај да испадне дека не ми ни се качува шеќерот повеќе од нормално,некогаш ми е дури и низок. Нормално не сме сите исти, ова е мое искуство
Ама неможеш ти сама да гладуваш затоа тоа и ти се случило сама си, си направила нешто што не треба да го правиш на своја рака , тие што имаат скриен шеќер добиваат план за исхрана и внесуваат се што им е потребно и те како треба да се прави испитување за скриен шеќер пошто некогаш нема знаци дека постои истиот!
Фала ви многу за одговорите Кај мене на обична крвна слика гликозата секогаш била во нормални граници, дури и накај долната, ама сега се покажаа покачени вредности за скриен шеќер. А имав и намалено плодова вода околу 20-та недела, што Петрова ми рече дека значело дека е низок шеќерот. Не знам дали има некаква врска со скриениов, ама чудно ми падна искрено. Како и да е, тоа е што е. Може само уште да ми кажете каква терапија се дава? Чисто за да знам што да очекувам да ми кажат. Да не ќе треба да се боцкам како дијабетичар?