Нормално дека не гладував туку внимавав на исхрана по препорака на докторот, исфрлив бели пецива,благо,тестенини и слично. Работа,обврски дома,не можеш секогаш да готвиш и да се држиш до диета и организмот ми ослабе. Не ми беше тоа поентата, битно откако почнав да мерам и после благо и храна и бели пецива и све живо што ми дојде на душа си јадев шеќерот ми беше нормален.
Мене ми препорачаа диета, па ако не се регулира терапија. Најчесто се таблети. А како што знам мене матичниот ми кажа дека доколку сум имала дијабет амнионска ќе ми била покачена, не намалена
Тоа е твој избор дали ќе се држиш до диетата или ќе го правиш испитувањето во идни бремености ама немој тука да пишуваш такви “совети”
Јас убаво напоменав дека тоа е мое искуство. И дека членката нема зошто да паничи, и да има гестациски се средува, дали со исхрана дали со терапија сите сме различни. Мислам не е ова форум за стварање паники на трудни жени. А колку е испитувањето веродостојно во мојот случај се виде.
Јас познавам многу трудници што не го направиле ова испитување. Јас ќе го прашам матичниот ако ми рече да не го правам, не го правам.
Со првата бременост не испитував скриен шеќер, гинекологот ми рече нема потреба. Мислам и со вторава исто ќе е, баш ми спомна последно матичната дека најверојатно нема да има потреба, како што гледала сега за сега се било добро, мерките, протоци, плодова вода.. Ќе видиме, имам време уште некоја недела. Се надевам ќе остане на ставот да нема потреба, кога ве читам колку е гадно.. Не сакам да пијам гликоза
Имав другарка што на сам пораѓај бебето и се измести, правеше некои чучњеви или вежби не знам како да ги речам, и си се намести таман. Немај гајле. И јас со жалбите, луѓе вагината и перинеумот ме болат многу, не можам да мрднам, се си мислам се отварам, а до прво ЦТГ уште 1 недела. За шетање се форсирам малку, ама еве 34+ веќе баш ми е заморно после 15тина минути максимум, а и како затопли едвај дишам.
Женски дали има некоја која е анксиозна од листерија како и мене? Значи само таа бактерија ја немав помислено, ама пред една седмица сопругот купи ѓеврек со кашкавал и маслинка полнет, и вечерта се разбуди со болки во желудникот, па крена и малку температура, имаше и главоболка. Јас немав никаков симптом. Меѓутоа ДОКТОР Гугл ми ја "откри" листеријата, која е претерано опасна за време на бременост, и сега некако немам мир. Пишува дека многу поминуваат и асимптоматски. Се изначитав се и сешто, а крвни испитувања за листерија не се прават во државата, барем каде што бев удостоена со одговор, освен во Синлаб, каде се чека половина месец за резултати, ако не и повеќе, ги обработувале во Германија. Навистина не знам од каде ми се всади таа идеја во глава, ама се надевам некоја има повеќе информации од мене. Инаку кашкавалот со кој е правен ѓеврекот е растителен, и содржи само млечен протеин, притоа пишува дека е и термички обработен, ако воопшто прави некаква разлика.
Мене внатрешно вагината ме боли кога пешачам повеќе,како да ми се отвара цервиксот се осеќам. Ама еве веќе 2 3 недели тоа ми се случува. А последниве денови посебно сум како камион да ме прегазил ..препони,срамна коска,вагина ,нема нешто што не ме боли.
Девојки немав досега исцедок ама еве неколку дена или поточно цела недела сум мокра доле. Дури осеќам кога ќе ми потече. Сум ве читала повеќето ама не знам што е нормално. Нема боја, нема мирис, само сум мокра. Ваљда не е плодова вода?
Еве и јас немам правено анализи за скриен шеќер, матичната кога ме гледаше кажа дека е се во ред и дека нема потреба да испитувам па еве ја терам 37 нед. се надевам дека нема да имаш потреба да испитуваш, ама што и да треба ќе мора да се издржи, сепак ќе бидеме мамички
Јас бев на преглед за тоа мислев дека е плодова вода, зошто премногу беше течно за исцедок ама испадна дека е исцедок. И уште си го имам 35 недела. Појди провери.
Не. И на гладно да е покачен е гестациски Мене само тој на гладно ми беше 5,4 а другите вредности во ред. Ама ендокринолозите така сметаат , на две места бев. И еве ме со диета иако после го повторив по неколку дена на гладно ми беше 4,8 а тромесечниот 4,7 Ама ко за беља баш на огтт 5,4 и ете ти @kristina.k не се оптеретувај. Прво се пробува со диета, ако не терапија ќе си пиеш. Ништо страшно.
После 2ч. за трудници е 8,5 . Ок ти бил. Мене после јадење ми е 6ка , ми рекоа повеќе да јадам ама јас страв во коски и бебе е понапредно 1 недела
Стварно?? Па мене ми рекоа висок бил до 7.9 било нормално. Или па сегде различни се референтните вредности.
И мене цело време така ме боли,кога ке станам да одам,сега застанав во кујна 10 мин да си направам јадење и почна да ме боли што стоев.Катастрофа.
Не за трудници се едни. Ама може лабораторијата не ги назначила за трудница ако не си кажала или заборавиле Инаку се 5,1 10 8,5 А дома кога ќе мериш со апаратче после јадење (ако држиш диета) треба да ти е помалку од 7,8 може на тоа мислеле
Јас правев во авицена Аеродром (си платив некои 500-600ден, не беше со упат зашто со упат мора да се закаже и само во Тафталиџе Авицена прифаќа упати) пред 2год и ми рекоа мора таму да седам цело време и така беше- си земав книга и си читав 2-3х додека траеше цел процес Ми дадоа тајмерче и кога ќе заѕвони пак боцкаат